Северна Македонија и Австрија се на пат да станат првите држави во Европа со електронски идентитет на банкарски картички Mastercard
Објавено на од во Компании
Со eID, бизнисот и корисниците ќе имаат уште поголема безбедност, овластувајќи ја секоја извршена трансакција со својот автентичен електронски идентитет. 
Унибанка вест

Во Скопје „УНИБанка”, Mastercard и Evrotrust разговараа за можностите за соработка

Северна Македонија е на пат да стане првиот пазар во Европа што ќе работи со услугата „Електронски идентитет“ (eID) на банкарските картички Mastercard. Иновативната услуга ќе биде пилот проект за цела Европа, започнувајќи за прв пат во нашата земја и во Австрија, и ќе ја развива Mastercard во соработка со Evrotrust.
Управниот одбор на УНИБанка во централата во Скопје се состана со вишиот потпретседател Digital Identify на Mastercard г-н Чарлс Волтон, регионалниот директор на Mastercard за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово г-ѓа Вања Манова и г-н Георги Димитров, член на одборот на директори на Evrotrust. На средбата се разговараше за можностите за идна соработка и имплементација на иновативната услуга на македонскиот пазар.
Со eID, бизнисот и корисниците ќе имаат уште поголема безбедност, овластувајќи ја секоја извршена трансакција со својот автентичен електронски идентитет. Новиот проект ќе понуди нови перспективи на македонскиот банкарски пазар, а главната цел на  Mastercard, во соработка со Evrtotrust и регионалните банки, e да предложи глобално решение за eID. Проектот ќе ја олесни дигиталната трансформација на бизнисот, владата и општеството со претставување на сигурна, лесна за употреба и целосно компатибилна услуга за оддалечена идентификација преку технолошки решенија од најновата генерација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×