Северна Македонија на 17-тото место во Дуинг бизнис 2020
Објавено на од во Економија
Светска банка во најновиот извештај Дуинг бизнис за 2020 година со 80,7 поени ја рангира Северна Македонија на 17-тото место според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји.
duingbiznis„Олеснето е склучувањето и спроведувањето на договорите и поедноставено е пресметувањето на давачките за спроведување, што го направи целиот процес поевтин, се наведува во извештајот. Се посочува и дека земјава ги промени одредбите за работна сила, правилата за технолошки вишок, повторно вработување и отпремнина“.
Од европските земји, најдобро позиционирани на листата на Дуинг бзинис се Данска, Норвешка, Шведска и Литванија, додека земјите од регионот се меѓу 37-то и 90-то место.
Словенија е рангирана на 37-то место, Србија на 44-то, Црна Гора на 50-то, Хрватска 51-ва, Косово 57-ма, Албанија 82-ро и Босна и Херцеговина на 90-тото место.
Првите 10 места ги заземаат Нов Зеланд, Сингапур, Хонг Конг, Данска, Кореа, САД, Грузија, Велика Британија, Норвешка и Шведска.
„Doing Business 2020“ е 17-тото издание што ги испитува реформите на одредбите што го поттикнуваат или спречуваат развивањето на бизнис активностите. Истражувањето претставува збир на квантитативни индикатори за бизнис одредби и заштита на имотни права во 190 земји. Покрива одредби од 12 аспекти на еден бизнис: започнување бизнис, добивање дозволи за градба, приклучок на електрична енергија, регистрирање имот, добивање кредит, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, трговија, спроведување  договори, справување со стечај, вработување и склучување договори со владата“.
Податоците од ова истражување се однесуваат на период од 1 мај 2019. Преку овие индикатори се анализираат економските последици од одредбите и се анализира кои реформи во оваа област функционираат, каде и зошто.
Минатата година земјата била рангирана на 10-тото место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×