Северна Македонија оди во ЕУ, другите ќе почекаат
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кога станува збор за Албанија, заради политичката криза и застојните судски реформи, Брисел не е подготвен да и прогледа низ прсти.

makedonijaеуСеверна Македонија може да биде единствената земја на Западен Балкан што ќе добие позитивно мислење за продолжување на европските интеграции оваа есен, кога лидерите на ЕУ ќе разговараат за проширувањето, објави Независне новине.

Другите земји, најверојатно, би можеле да останат на „магарешка клупа“ затоа што реформите што се очекуваа не беа исполнети. Поради криза на се и сешто, БиХ веќе подолго време е на маргините на процесите на евроинтеграција, а што се однесува до Србија, нема напредок во дијалогот со Приштина, поради што ЕУ става и рампа за Косово. Кога станува збор за Албанија, заради политичката криза и застојните судски реформи, Брисел не е подготвен да и’ прогледа низ прсти.

Едвард Кукан, поранешен европратеник и поранешен претседател на Комитетот за соработка со Југоисточна Европа на Европскиот парламент, кој е добро запознат со проблематиката за проширувањето, за словачката национална агенција СФПА оценува дека ЕУ честопати дејствувала непринципиелно кон регионот, наведувајќи го примерот на Македонија, за која се вели дека со години ги исполнуваше своите обврски и ЕУ не донесе одлука за отворање преговори.

Мислам дека Северна Македонија би можела да добие датум на есен. Тоа е реално. Емануел Макрон беше решително против, но се чини дека омекнува малку. Иако Тирана очекува сличен чекор, мислам дека ситуацијата таму е сосема поинаква. Тие треба да спроведат голема судска реформа, опозицијата ги бојкотира изборите и Албанците не можат да најдат компромис “, вели Кукан.

Холандија е резервирана

Што се однесува до БиХ, тој верува дека земјата е фатена во јазот меѓу Белград и Приштина. Имено, како што посочува, на маса има предлог за размена на територии и тој верува дека тоа е лош предлог токму затоа што би можел дополнително да ја дестабилизира БиХ.

„И покрај ова, мислам дека предлогот за размена на територии сепак ќе се дискутира“, рече тој. Тој изрази разочарување од работата на Федерика Могерини, високиот претставник за надворешни работи во заминување во ЕУ, и рече дека нејзиниот наследник Јосеп Борел не би бил многу подобар.

Аднан Черимагиќ, аналитичар во Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) и експерт за европска политика, рече дека според најновите информации што се достапни, Франција е подготвена да даде зелено светло за Македонија, но дека Албанија досега нема шанси.

” Холандија е исто така резервирана, но се очекува таа да ја следи позицијата на Франција, така што во овој момент се чини дека само Северна Македонија има шанси “, вели Черимагиќ.

Сигнали против проширувањето
Фарис Кочан, истражувач на Факултетот за социјални науки во Љубљана, предупредува дека сигналите против проширувањето, кои се’ повеќе доаѓаат од ЕУ, ќе ги охрабрат државите од регионот не само да се одвратат од реформите, туку да преземат чекори што беа незамисливи во претходните години.

„Добар пример за ова е Албанија, чија влада веќе презема чекори за обединување на земјата со соседното Косово и Србија, во која се менува политичката калкулација, затоа што официјален Белград гледа дека перспективата не е повеќе силна и видлива, што се манифестираше со закани и распоредувањето на армијата во српската енклава во северно Косово “, рече тој.

Тој посочува дека неподготвеноста на ЕУ да продолжи со проширувањето јасно се гледа во примерот на Северна Македонија, чии европски лидери и’ откажаа во јуни за изгледите за почеток на разговори за членство. Претходно, европските интеграции отсекогаш биле мотивирачки за домашните лидери. Ако не постои европска перспектива, прашањето е колку тоа ќе влијае на зголемувањето на нестабилноста “, рече тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×