Шефот на Гаспром: делницата на Турски тек во Србија ќе се изгради до крајот на 2019 година
Објавено на од во Економија

Делницата на Турски тек по територијата на Србија ќе биде завршена до крајот на 2019 година, изјави денес шефот на Гаспром, Александар Милер, додавајќи дека трасата на гасоводот ќе биде долга 403 км.

turski-tek-infomaks-650x396-324x160

„Гасоводот ќе ја помине српско- бугарската граница, се од српско-унгарската. Што се однесува до рокови, основната линија ќе се заврши до крајот на 2019 година“, објасни Милер за руската Прва телевизија.

Русија и Србија денес потпишаа Меморандум за взаемно разбирање за проширување на капацитетите на подземниот складишен гас Банатски двор.

Меморандумот ги опфаќа основните параметри за ширење на подземните складишта до 750 милиони кубни метри годишно.

Како што пренесува Тас рускиот министер за енергетика, Александар Новак, денес изјавил дека Русија е спремна да го зголеми обемот на испорака на гас низ Србија.

Тој наведува дека освен што Србија го користи овој гас таа и го транспортира, затоа во моментов обемот е околу 350 милиони кубни метри годишно.

По неговите зборови, се размислува за можноста да се зголеми обемот на транспортен гас. Во 2017 година две земји потпишале протокол за ширење на инфраструктура за транспорт на гас.

“ Тоа е пред се привилегија на српските компании, а ние само ќе го зголемиме обемот на испорака на гасот  во случај да ги потпишеме мапите за патот на трасата“, изјавил Новак.

Одговарајќи на прашањето за можното учество на Србија во Турски тек,  тој рекол дека сите прашања за транспортот ќе бидат решени складно со европското и српското законодавство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×