Шефот на Ripple предвидува дека повеќето криптовалути ќе паднат на вредност нула
Објавено на од во hi-tech & business

Директорот на компанијата Ripple, Бред Гарлингхаус, која ја издава истоимената криптовалута (XRP), говорејќи за иднината на виртуелните пари на конференција на Goldman Sachsво Сан Франциско, изјави дека верува оти повеќето криптовалути со време целосно ќе ја загубат вредноста, односно, цените ќе им паднат на нула.

Како причини за ваквото очекување ги наведе следните факти: не е јасно која е целта на повеќето виртуелни валути; не е јасна вредноста што ја претставуваат; а големата променливост на цените и недостатокот на регулатива значат и дека криптовалутите нема да може да бидат широко прифатени.

Долгорочната вредност ќе биде одредена со корисноста на овој вид имот, вели Гарлингхаус, кој смета дека неговиот ripple има иднина, бидејќи односниот систем за електронско плаќање е корисен за банките и за финансиските институции, и овозможува поголемо ниво на контрола на вредноста.

Што се однесува до биткоинот, тоа е единствена криптовалута за која шефот на Ripple смета дека успешно ќе преживее, но не како средство за плаќање. Биткоинот, смета Гарлингхаус, во иднина ќе служи како место за долгорочно чување на имот, отприлика како што сега се користи златото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×