Шефовите на ЕУ-дипломатиите дискусијата за Македонија ја одложија за јуни
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Единствен заклучок од дискусијата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, за политичката криза и безбедносната ситуација во Македонија, е дека ќе се навратат на оваа тема во јуни, при подготовката на заклучоците за Самитот на Европскиот совет што ќе се одржи пред крајот на идниот месец. Со шефовите на ЕУ-дипломатиите на темата што во дневниот ред влезе под точка „разно“, дискутираа и Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.

„Нема политичка декларација во однос на Македонија. Вечерва имаше само бриф-точка за ова прашање, со оглед на тоа што ситуацијата во земјата го привлече вниманието. Могерини рече дека за ова прашање е потребно подлабока дискусија, па тоа ќе се случи на следниот Совет на министри на ЕУ во јуни. Вечерва немаше дискусија, само интервенција од страна на Европската комисија, односно комесарот Хан, кој рече дека постои тешка ситуација во Македонија и дека сите се поканети да го контактираат за ова прашање. Но, неговиот одговор е дека денеска нема време да се оди во детали, но ќе се стори тоа во јуни“, информираше ЕУ-дипломат.

ЕУ внимателно следи – бара конструктивност во лидерскиот дијалог mk

Паралелно, портпаролот, пак, на Европската комисија, Маја Коцијанчич, излезе со став дека Европската унија внимателно ги следи настаните во Република Македонија, и ги охрабрува политичките лидери да продолжат со дијалогот и покрај тоа што првите две средби на водечката четворка во земјата не вродија со плод.

„Европската унија ги следи настаните во земјата внимателно, како и вчерашните демонстрации што се одржаа во Скопје. Важно е луѓето да можат слободно да ги искажат своите ставови. Вчера, тоа е направено на мирен начин. ЕУ ја нагласува важноста од конструктивен дијалог меѓу политичките лидери, како што беше на средбата што се одржа во четвртокот и која даде обединета поддршка на демократските вредности. Ние ги охрабруваме лидерите да продолжат со овој дијалог“, порача Коцијанчич во изјава за МИА.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×