Шекеринска: Денеска е историски ден за Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

shekerinskaМинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска по конференцијата “NATO Engages” која се одржува во рамки на самитот на НАТО во Брисел, рече дека денеска е историски ден за Македонија.

“Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година. Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија”, рече Шекеринска.

“Денеска сите ја искористија можноста да ѝ честитаат на Макесонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не’ награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО”, рече министерката за одбрана.

Таа е уверена и дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.

(Макфакс)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×