Шекеринска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на 1 мај во Вашингтон ќе има официјална средба со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис.

На средбата ќе биде потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД. Значењето на средбата, како што наведуваат од Министерството за одбрана, е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел.

Средбата со Матис е во рамките на посетата на министерката Шекеринска на САД која започнува на 26 април и ќе трае до 2 мај. За време на посетата, Шекеринска ќе се сретне и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Лора Купер, а ќе има и средби во американскиот Стејт Департмент, Сенатот и Конгресот.

Министерката Шекеринска во Вермонт ќе се сретне и со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Стивен Креј. Армијата на Република Македонија има развиена и сеопфатна соработка со Националната гарда на Вермонт, како партнер во реформите и развојот на вооружените сили, информираат од МО.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×