Шеќерот најевтин во последниве шест години
Објавено на од во Економија
Глобалната понуда на шеќер ја надминува побарувачката пет години по ред, а добрата жетва  во најголемиот производител Бразил само ќе направи уште поголеми залихи.

Шеќерот достигна најниска цена на светските берзи во последниве шест години, јавува Bloomberg. На Њујоршката берза за стоки, цената на суровиот шеќер падна за 4,9% вчера на 11,44 центи за фунта (околу половина килограм), што е најниска цена од јануари 2009 година наваму. Причина за ова се прогнозите дека ќе има големи залихи на шеќер во светот, како што жетвата зема замав во Бразил, најголемиот светски производител на шеќер.
Глобалната понуда на шеќер ја надминува побарувачката пет години по ред, а поволните временски услови во Бразил само ќе придонесат кон подобра жетва и поголеми залихи.
Свој удел во ниската цена на шеќерот има и поевтинувањето на енергијата, односно нафтата на светските берзи достигна најниска цена последниве три месеци.
“Со пониски цени на енергенсите, повеќе шеќер се рафинира за храна, наместо да се користи за производство на гориво етанол“, објаснува аналитичар од Њујорк за Bloomberg.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×