Шест економски мерки што Србија треба да ги спроведе годинава по препораки на ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
SASTANAK U VLADI SRBIJEСрбија треба да продолжи со намалување на буџетскиот дефицит, да ја забрза реформата на државните претпријатија и да го унапреди развојот на приватниот сектор со подобра контрола на парафискалните трошоци – ова се некои од препорачаните мерки што Србија и Mинистерскиот совет за економија и финансии на ЕУ (ECOFIN) заеднички ги усвоија на 23 мај

Целта на овие реформи е намалување на буџетскиот дефицит и поттикнување извори на економски раст. Економски препораки добија и други кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија.

До Брисел земјите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ годинава поднесоа трета годишна програма за економски реформи за периодот 2017-19.

Проценките на овие програми се направени од Европската комисија и Европската централна банка, и на основа на тоа сите седум партнери во процесот на проширување и ЕУ, на министерски состанок усвоија заеднички заклучоци и насоки за секоја земја.

Србија доби шест насоки од кои две се однесуваат на макро-фискалната рамка, една на стабилноста на финансискиот сектор, а три на секторските структурни реформи што треба да се спроведат во наредните година дена.

Препораките

Првата препорака до Србија е во 2017 година и во наредните години да продолжи со намалување на буџетскиот дефицит. За тоа да го стори Србија треба да користи дополнителен фискален простор и да продолжи да ги зголемува капиталните расходи. Исто така, треба да усвои кредибилен и обврзувачки систем на фискални правила, способен да ги зацврсти напорите за консолидација.

На Србија ѝ се препорачува и во наредните година дена да поддржи фискално сценарио со забрзување на реформите на државните претпријатија и на даночните служби, како и да го намали уделот на јавната потрошувачка за плати и пензии во бруто домашниот производ (БДП).

Со цел стабилност на финансискиот сектор, Србија треба да ги спроведе преостанатите мерки од програмата за решавање на прашањата на ненаплатливите кредити, да ја заврши реформата и приватизацијата на две големи државни банки, и да најде решение за останатите мали државни банки.

Се препорачува и постепено усогласување на цената на електричната енергија за истата да ги одразува трошоците. Потребно е и да се унапреди наплатата и во иднина да се избегнува акумулација на заостанати плаќања во енергетскиот сектор.

Исто така, потребен е напредок во најавеното реструктуирање на долгот на Србијагас и во спроведувањето на планот за оптимизација на ЕПС (Електростопанството на Србија).

На Србија ѝ е препорачано да го намали бројот на парафискални давачки на државно ниво, да го унапреди функционирањето на даночната управа, и да обезбеди поголема ефикасност на инспекцијата.

Во областа на трудот, Србија треба да ги намали големите трошоци со исклучок на платите во областите каде истите се најниски. Потоа, да усвои мерки за вработување на чувствителните групи, вклучувајќи ги примателите на социјална помош, а во соработка со социјалните партнери и со бизнис секторот да воведе дуално образование и обука.

42Оценките

Во оценката на годишната програма на Србија, се наведува дека економијата во 2016 година забележала побрз раст од очекуваниот, и се проценува оти растот незначително ќе се засили со поттик од приватната потрошувачка, додека за инвестициите и за извозот се очекува да останат силни.

Се истакнува дека фискалната консолидација и натаму е многу силна, што за резултат има намалување на јавниот долг во однос на БДП првпат за многу години.

Кај финансиската стабилност, стратегијата за ненаплатливи кредити почнала да дава резултати, бидејќи уделот на овие кредити почнал да опаѓа.

Се предупредува дека економијата на Србија е чувствителна на потреси од финансискиот и од пазарот на суровини, и оти е изложена во однос на развојот на ситуацијата во ЕУ.

Меѓу структурните препреки за раст и конкурентност се наброени и преголемото влијание на државата врз економијата и недостатокот на динамика на приватниот сектор, додека во секторот енергија и транспорт проблемот го прават слабите интерконекции, и тоа што јавните претпријатија само делумно се реструктуирани.

Како што се наведува, развојот на приватниот сектор го закочуваат скапиот, непредвидливиот и нетранспарентен систем на парафискални давачки, отежнатиот пристап до финансии, бирократијата и големата сива економија.

Истовремено, нивото на државна помош е релативно високо и нетранспарентно.

Во проценката на економската програма на Србија се укажува и дека младите се среќаваат со особено големи потешкотии во пристапот до пазарот на труд, што за последица има одлив на мозоци.

Земјите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ од 2015 година поднесуваат годишни програми за економски реформи, што содржат среднорочни макроекономски проекции, и буџетски планови за наредните три години и програма за структурни реформи.

Програмата за структурни реформи ги опфаќа реформите чија цел е поттикнување на конкурентноста и подобрување на условите за раст и вработувања.

Со оглед дека економското управување прерасна во еден од столбовите на политиката на проширување на ЕУ, што ги одразува трендовите во рамките на ЕУ, со цел засилување на економската политика во рамките на Европскиот семестар Унијата разви нов пристап преку програмите што ги поднесуваат земјите, за на истите да им помогне во процесот на проширување да ја засилат макроекономската стабилност, да го поттикнат растот и да ги исполнат економските критериуми за пристапување кон членство.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×