Шест години затвор за Јанкулоска за незаконската набавка на мерцедесот во случајот „Тенк“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ЈанкуловскаПоранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на 6 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања за случајот Тенк, односно за незаконската набавка на мерцедесот во вредност од над половина милион евра.

Судијката Добрила Кацарска ја објави пресудата по образложувањето на кривичното дело.

„ Неспорно е дека е набавено патничко моторно возило ‘мерцедес гард‘. Обвинетата Јанкулоска знаела дека се работи за исклучително скапо возило, а заедно со  Ѓоко Поповски преземале дејствија за да му ја исполнат желбата на сега осудениот Никола Груевски. Аудио снимките покажаа дека се бара луксузен пакет на опрема“, рече Кацарска.
Сите технички спецификации укажуваат на фаворизирање на еден економски оператор.

Според судијката Кацарска, Јанкулоска со умисла го поттикнала сега осудениот Поповски да стори кривично дело.

Екс министерската за внатрешни работи Јанкулоска е обвинета според член 353 став 5 за злоупотреба на службената положба и овластување. Законот предвидува ако делото е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот да се казни со затвор најмалку пет години.

Јанкулоска не се појави на денешното изрекување на пресудата, бидејќи во меѓувреме во тек е судењето за друг предмет на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) каде што и таа е обвинета, за масовното прислушување „Таргет Тврдина”.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара на Јанкулоска да ѝ се забрани напуштање на живеалиштето, како мерка на претпазливост, поради опасноста од бегство. По пауза од половина час Судскиот совет го прифати предлогот на специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и и изрече мерка на претпазливост на екс министерката, Гордана Јанкуловска, односно забрана за напуштање на престојувалиштето, живеалиштето.

Мерката на претпазливост е на сила се до правосилност на пресудата, рече судијаката Добрила Кацарска, која додаде дека доколку обвинетата не се придружува до определената мерка, судот може да определи друга мерка.

Одлуката на судот беше соопштена во отсуство на Јанкуловска и нејзините адвокати.

На Јанкулоска ѝ се судеше во одвоена постапка поради бременост, а судењето почна во август откако ексминистерката се породи. На завршните зборови кои се одржаа пред пет дена, таа се расплака пред судот.

„Во ниту еден момент во мене не постоела умисла да поттикнам некого за набавка на возило. Како министер никогаш и на никого не сум вршела притисок и ниту сум потпаднала под нечиј притисок“, рече Јанкулоска.

За истиот предмет правосилно е осуден поранешниот премиер Никола Груевски, на 2 години затвор, а со затворска казна од шест и пол години осуден е Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер за внатрешни работи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×