Шест години затвор за поранешна романска министерка
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поранешната министерка за регионален развој и туризам на Романија, Елена Удрја, е осудена на шест години затвор за корупција. Осудена е во случајот познат како „Гала вечер Буте“, откако беше обвинета за неколку дела, вклучително и за земање поткуп.

Во 2011 година, според обвинителите, бил склучен договор меѓу Министерството за туризам и компанија на тогашниот шеф на романската бокс федерација, Рудел Обрежа. Предмет на договорот било рекламирањето на Романија на официјални настани на кои ќе учествува познатиот боксер и светски шампион, Лучијан Буте. Обвинителите тврдат дека Удрја ја користела популарноста на Буте за предизборни цели, искористувајќи два милиони евра државни пари.

Удрја, која била под истрага и за други корупциски дела, беше уапсена во февруари 2015 година и остана зад решетки два месеци.

За истото дело поранешниот претседател на романската бокс федерација, Рудел, е осуден на пет години затвор.

Удрја беше и кандидат на претседателските избори во Романија што се одржаа во ноември 2014 година. Нејзината популарност во државата се должи на блиските врски со поранешниот претседател Трајан Басеску. Накратко Удрја дури и беше лидер на неговата Партија народно движење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×