Шест ленти од Унгарија до Македонија: Новиот автопат се отвора на 15 мај
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ најави дека автопатот низ Грделичката клисура, дел од Коридорот 10, ќе биде отворен на 15 мај.
„Го договоривме отворањето на автопатот за 15 мај. Значи, останаа уште шест дена, па луѓето ќе можат да се возат по автопат до границата со Северна Македонија“, рече изјави вчера Вучиќ.
koridor_klisura

Како што додаде Вучиќ, веднаш потоа ќе биде поставен камен-темелник за делницата на автопатот Чачак-Пожега на Коридорот 11, а потоа ќе биде отворена и делницата Обреновац-Чачак, како и автопатот Ниш-Димитровград-Градина.

„Многу имаме да покажеме што направивме изминативе месеци и години, и мислам дека луѓето ќе бидат позадоволни“, рече Вучиќ.

Значи, останаа уште шест дена, па луѓето ќе можат да се возат по автопат до границата со Северна Македонија“, рече синоќа Вучиќ пред новинарите во Тирана.

Како што додаде веднаш потоа ќе биде поставен камен-темелник за делницата на автопатот Чачак-Пожега на Коридорот 11, а веднаш потоа ќе биде отворена и делницата Обреновац-Чачак, како и автопатот Ниш-Димитровград-Градина.

„Многу имаме да покажеме што направивме изминативе месеци и години, и мислам дека луѓето ќе бидат нешто позадоволни“, рече Вучиќ.

Министерката за транспорт на Србија Зорана Михајловиќ изјави дека на изградбата на Коридор 10 се чекало најмалку 30 години и дека автопатото е сега завршен водејќи сметка за безбедноста во сообраќајот.

“Станува збор за најтешкото градилиште во Европа, на делница од 26,3 километри со 33 моста, меѓу кои и највисокиот мост Врла, како и два најдолги тунели Предејане и Манајле. Голема работа е завршена на оваа делница, го поместувавме магистралниот пат, отстранивме 600 илјади кубици камен. Зад нас е многу тешки зафати и огромна работа и горди сме на сите работници кои учествуваа во изградба на Коридорот 10”, вели Михајловиќ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×