Шест милиони денари за иновации на најдобрите основци и средношколци
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
34 проекти на основни и средни училишта, кои беа наградени во рамките на Програмата „Предизвик за млади истражувачи 2“, на ФИТР и на МОН денеска ги потпишаа договорите во Владата на Северна Македонија.
11092019_Potpisuvanje-na-dogovori_FITR_1-702x336На церемонијата се презентираа двата победнички проекти од учениците од првонаграденото основното училиште „Даме Груев“ од Битола и првонаграденото средно училиште „Ванчо Прке“ од Виница.
Премиерот Зоран Заев на настанот истакна дека владата е посветена на поддршката на младите истражувачи, со цел да се остварат нивните идеи и да се реализираат нивните креативни решенија за секојдневните проблеми и прашања со кои се соочуваат сите граѓани.
Креативноста на основците и средношколците ќе се стимулира со вкупен фонд од 6 милиони денари и дополнителни 30.000 денари за менторите на учениците кои се дел од овој проект.
Ова е веќе втора година како ФИТР ја реализира програмата „Предизвик за млади истражувачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×