Шеста недела по ред цените на нафтата во пораст
Објавено на од во Економија
На светските пазари на нафта, минатата недела, шестата по ред, цените се зголемија, достигнувајќи нови највисоки нивоа од ноември минатата година, главно поради падот на понудата од Венецуела, Иран и Либија.
oil pipelineНа пазарот во Лондон, цените на барел пораснаа за 1,7 отсто минатата година, на 71,55 долари, додека продажбата на барели во САД порасна за 1,3%, т.е  на 63,89 долари.
Од почетокот на годината цените на нафтата се зголемија за повеќе од 30% и достигнаа највисоки нивоа од почетокот на ноември минатата година, главно благодарение на падот на производството од страна на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
Цените на нафтата, исто така, растат поради санкциите на САД за иранскиот и венецуелскиот нафтен сектор, што уште повеќе ја ограничува понудата на пазарот.
Наддавањето на пазарот може да се намали поради либискиот конфликт меѓу меѓународно признаената либиска влада и бунтовничките сили.
Шефот на либиската национална нафтена компанија, на крајот од минатата недела, предупреди дека обновените битки може целосно да го блокираат производството на сурова нафта во таа земја.
Од друга страна, најновите податоци од Кина ја поттикнаа надежта дека втората по големина светска економија би можела да се стабилизира по долг период на забавување на растот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×