Шести светски конгрес на информативните агенции во Софија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Под мотото „Иднината на вестите“ денеска во Софија започна Шестиот светски конгрес на информативните агенции, на кој присуствува и делегација на МИА.
миа софиаНа собирот учествуваат над 200 делегати од околу 100 земји од целиот свет – раководители на новински агенции, истакнати новинари на влијателни светски медиуми и претставници на социјалните медиуми.
Главни теми на собирот ќе бидат справувањето со лажните вести, користењето на вештачката интелигенција, новите модели на сопственост на информативните агенции и новите извори на информации.
Во обраќањето на отворањето на Конгресот, директорот на домаќинот на форумот – Бугарската телеграфска агенција (БТА), Максим Минчев порача дека информативното новинарство е еден од последните бастиони на вистинските, проверените и доверливите вести.
На собирот се обрати и бугарскиот претседател Румен Радев кој оцени дека овој Конгрес овозможува да се разговара за актуелните тенденции, предизвици и можности на информативните агенции, додавајќи дека главната тема на форумот за „иднината на вестите“, всушност е тема за „иднината на човештвото“.
„Дигитализацијата ги промени нашите претстави за светот, бидејќи денес информацијата е и најраспространета стока, но во исто време и најдефицитарна“, нагласи Радев.
Според него, луѓето денес се соочуваат со голем дефицит на навремени, објективни и доверливи информации, тенденција која, како што рече, се повеќе се продлабочува.
Радев потенцира дека дигитализацијата и новите технологии нудат огромни и незамисливи можности за информативните агенции и медиумите, но во исто време тие носат и огромни предизвици.
„Денес вистината често се дави во море на лажни вести. Брзината стана поважна од веродостојноста“, додаде Радев, нагласувајќи дека разурнувачкиот ефект на информациите може да биде поголем од тој на бомбите и ракетите.
Претседателот на Светскиот совет на информативни агенции и извршен директор на британската агенција Прес Асосиејшн, Клав Маршал оцени дека новинските агенции имаат тешка задача да ги заштитат легитимните вести со својата непристрасна работа.
„Сите ние треба да се залагаме за медиумска средина во која добро ќе ја вршиме нашата работа“, истакна Маршал во обраќањето на Конгресот.
Според него, последниве години информативните агенции се соочуваат со дополнителни предизвици, поради намалувањето на тиражите на весниците и ширењето на социјалните медиуми,  но и поради проблемот со лажните вести и тенденциозните дезинформации, кои имаат за дел да го поткопаат имиџот на цели држави.
Конгресот ќе трае до сабота.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×