„Шеврон“ го купува „Андарко“ во зделка од 50 миллијарди долари
Објавено на од во Економија
Втората по големина светска компанија за нафта и гас „Шеврон“ објави дека за 50 милијарди долари ќе ја купи компанијата „Анадорко Петролеум“.
nafta_pole_01-580x381Тоа е најголемата зделка во индустријата во изминатите четири години и доаѓа во период на пониски цени на нафтата што започна во 2014 година, објави „Фајненшал тајмс“.
„Шеврон“ нуди 65 долари по акција, што е за 39% повеќе од котирањето на „Анадарко“ на затворањето на берзите во четвртокот. Понудата е во форма на 75% акции и 25% во готово. Акционерите на „Андарко“ ќе добијат 0,3896 акции од Шеврон и 16,25 долари во готовина за секоја акција.
Покрај тоа, „Шеврон“ ќе преземе 15 милијарди долари долг на „Анадарко“, со што зделката ќе достигне 50 милијарди долари.
Договорот се очекува да биде завршен во втората половина од годината.
За разлика од „Шеврон“, кој е водечки во секторот, и има осум рафинерии и речиси 8.000 бензински пумпи, „Анадарко“ се фокусира на истражување и експлоатација на нафта и гас, и тоа го продава на преработувачи. „Анадарко“ има околу 1,5 милијарди барели докажани резерви, што ја прави една од најголемите независни компании во секторот во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×