ШК “Алкалоид“ со врвни странски засилувања за Европскиот Клупски Куп 2015
Објавено на од во Компании
Членови на руската и украинската шаховска репрезентација, ќе ги бранат боите на шаховскиот клуб “Алкалоид“ на Европскиот Клупски Куп што ќе се одржи во Скопје во октомври годинава.

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија, ШК „Алкалоид“, добива засилување од 5 странски врвни велемајстори, непосредно пред подготовките за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое ќе се одржи во Скопје, во октомври годинава.

Покрај најдобрите македонски шахисти, боите на „Алкалоид“ ќе ги бранат и петтмина од топ 50 на светската рејтинг листа, кои ќе настапат и на екипниот Шампионат на Македонија, кој ќе се одржи од 20-ти до 26-ти јули годинава, во Струга.

Меѓу нив се следниве:  Дмитриј Јаковенко – член на Руската шаховска федерација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година;  Евгениј Томашевски – член на Руската шаховска федерација; Европски шампион за 2009 година и освоено прво место со руската репрезентација на Светскиот екипен шампионат во 2010 година; Васиљ Иванчук – член на Украинската шаховска репрезентација и истакната шаховска легенда која на врвот котира 25 цели години, достигнувајќи го неколку пати и високото второ место на светската рејтинг листа. Со репрезентациите на СССР и Украина освојува 4 златни, 1 сребрена и 3 бронзени  олимписки медали, а во периодот од 2007-2008 е Светски шампион во брзопотезен шах (blitz). ; Дмитриј Андрејкин – член на Руската шаховска репрезентација; Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×