Шојбле: Брегзит би и наштетил и на глобалната економија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Излезот на Британија од ЕУ после референдумот закажан за 23 јуни оваа година би значело дека Унијата останува без својата втора по големина економија и најбогатиот финансиски центар, но премиерот на Британија, Дејвид Камерон изјави дека за неговата земја би било подобро да остане во унијата, пренесува Ројтерс.

Wolfgang_Schaeuble„Доколку Британија излезе од ЕУ би следувале многу тешки преговори, кои би биле тешки и за ЕУ. А годините што ќе следуваат ќе бидат полни со неизвесност кои би биле отров за економијата на Велика Британија, европскиот континент, како и за целата светска економија“, изјави поранешниот министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле.

Тој нагласи дека ќе биде катастрофално доколку Британија би ја напуштила ЕУ, но, иако Унијата би била послаба без Британија, таа „поради тоа не би си направила самоубиство“.

Според него, иако Британија после напуштањето на ЕУ и понатаму би можела да тргува со Унијата, таа веќе не би ја имала предноста да пристапува на единствениот европски пазар, а притоа да не прифаќа слободно движење на државјаните од ЕУ и да не придонесува кон буџетот на Унијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×