Шок во Европа: Меркел се повлекува од челната функција во партијата
Објавено на од во Политика

Merkel 1Германската канцеларка Ангела Меркел веќе нема да се кандидира за претседателската функција во својата конзервативна Христијанско-демократска унија. Одлуката е резултат на серијата слаби изборни резултати.

Меркел сепак ќе остане на чело на владата до крајот на мандатот. За својата одлука таа ги информирала партиските колеги на седница на претседателството на партијата утрово.
По да лоши резултати на изборите во покраините Баварија и Хесен во изминатиот месец, германската канцеларка Ангела Меркел се подготвува за повлекување од својата конзервативна партија. Во неделата, на изборите во покраината Хесен, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), иако победи, сепак заврши со загуба од над 10 проценти гласови во однос на претходните избори. Слични загуби забележа и сестринската партија ЦСУ на покраинските избори во Баварија на средината на месецов.

Внатрепартиски извори во ЦДУ информираат дека Меркел одлучила да не се кандидира за лидер на партијата на конгресот закажан за декември годинава. Меркел ја предводи ЦДУ од 2000 година, а во меѓувреме, веќе 13 години е на чело на владата.

Пред изборите во двете покраини, очекувањата беа дека Меркел сепак ќе се кандидира за уште еден мандат на чело на партијата. Таа претходно инсистираше дека двете функции, партиски лидер и канцелар, се неделиви една од друга.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×