Шок во еврозоната: Инфлацијата падна во црвено, ЕЦБ ќе мора со нови мерки да ја заживува економијата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Инфлацијата во еврозоната во февруари падна во „црвено, бидејќи падна на минус 0,2% на годишно ниво. Тоа за заналитичарите е очигледен сигнал дека мерките на Европската централна банка (ЕЦБ) за поттикнување на економијата не ги даваат резултатите.

Станува збор за голем пад на инфлацијата во однос на позитивната стапка од 0,3% од јануари, што, ќе го зголеми притисокот на ЕЦБ да лансира нови мерки за оживување на европската економија и поттикнување на инфлацијата.

Негативната инфлација во февруари е последица на остриот пад на цената на енергентите.
Најновите податоци на Евростат се значително под проекциите на аналитичарите, кои очекуваа нулта инфлација во февруари, и исто така се значително под официјалната цел на ЕЦБ од нешто под 2%.
Оттука сите очекуваат дека ЕЦБ на следната своја седница која треба да се одржи во март ќе донесе мерки за поагресивно поттикнување на економското заживување и ќе ја зголеми сумата на пари кои преку квантитативното олеснување ќе се вбризгаат во економијата.

 

2 thoughts on “Шок во еврозоната: Инфлацијата падна во црвено, ЕЦБ ќе мора со нови мерки да ја заживува економијата

  1. Се работи за полуписмени луге, неможат да сватат дека системот што го практикуваме е дефлаторен, а не инфлаторен. И, што ја праваат вештачки инфлаторноста и тој начин на пуштање пари е во прилог на дефлацијата, а не инфлацијата. Пред носот им се бегалците, а неможат да разберат зошто дошле кај нив. Тоа е излезното решение што се установило, преку војни да се уништува понудата на нападнатите, за да се распореди на напаѓачите. Но, и ова решение има своја слабост. Нападнатите, уште за време на војната сваќаат дека иднина кај нив нема, затоа се упатуваат према развиените земји. Другите држави кои се сиромашни, и кај нив владее дефлација, криза, нема развој, и од кај нив има се посилно исселување према развиените држави. Со тоа што сме направиле, а тоа е= нападнатите држави и другите сиромашни остануваат без луѓе, тогаш на кој ќе продаваат развиените држави. Значи и тоа решение, како начин за ништење на понудата на едни и распоредување на понудата на напагачите- развиените држави, почнува да не дава резултати, се свртува против самите нив.

  2. Ова е втор дел на коментарот. Реков дека се работи за избор на погрешно решение за да се овозможува развој. Се до денес се практикува тоа- војните, но повратното дејство во последно време се засилува до мерка на масовни преселби. Тоа ја комплицира ситуацијата, и може да биде погубно за сите луге. Кога ќе ги пресметнеме штетите, тие се толку големи, што не соодветствува на алчноста на газдите /сопствениците на парите/ поради која сеуште не се увидува дека причината за дефлаторноста- појавата на кризите е во неправилното присвојување на крајниот резултат од работата- профит или загуба. Поточно, дека тој краен резултат нее заслуга само на нив, туку и на работниците. Штом работниците не го добијат својот дел, во висина на него има веќе создадена понуда, која неможе да се потроши. Таа понуда се трупа секојдневно, и е причина за создавање на понуда надвор од подносливоста што би се потрошила по пат на конкуренција, која се нарекува вишок на понуда. Ете тоа е исправното решение на проблемот што со векови ги прави лугето робови, и жртви на системот. Повеќе на мојот профил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×