Шок во Германија, Ципрас му порачал на Шулц: Имаме докази дека Меркел го крие грабежот во Грција!?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Медиумите ја заобиколуваат веста која како бомба одекна во Грција, а ја пренесоа тамошните новинари блиски до новата влада на Алексис Ципрас.

За време на состанокот помеѓу Алексис Ципрас и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, грчкиот премиер испратил неколку пораки до германската канцеларка, Ангела Меркел.

Меѓудругото, тој изразил желба на Меркел да и се  достави меморандум, кој ќе ги содржи сите докази за измамите на големите грчки и германски индустријалци, нивните бизниси, односно колку скапо тоа ја чинело грчката државна каса, пишува грчки „Triklopodia“.

Новиот грчки премиер ја обини владата во Германија поради соработка со големите грчки олигарси, кои работеле во интерес на германските мултинационални компании.

„Господине Шулц, Германија ја доведе мојата земја до банкрот и во овој меморандум се наоѓаат сите скандали со потребните докази: „Сименс“, железничка станица, подморница, градежни компании, затајување данок и траен имунитет за сите оние кои ги одобриле или биле дел од овие деликти.“ „Лагард листата“ била создадена од претходната Влада во согласност со Германија. И тоа не е само оваа листа“, вели Ципрас.

„Наместо финансирање на банките, да сте инсистирале на финансиска контрола на индустријалците и олигарсите. Наместо беспотребно фрлање пари, сте можеле да направите програма за спас на Грција. Не е можно да сте отпуштиле 400 чистачи, а неказниво сте ги оставиле најголемиот број затајувачи на данок, кои украле повеќе од милјарда евра. Не е можно тоа да не го знаете господине Шулц?”, изјавил грчкиот премиер.

Ципрас додаде: „Можеме да ја испратиме г-ѓата Меркел пред Меѓународниот кривичлен суд во Хаг за намерно предизвикување осиромашување на грчкиот народ,па таму нека го докажува учеството на Германија и германскиот бизнис со грчки магнати.“

„Сиромаштија во нашата земја. Уште од уништувањето во и по Втората светска војна, Германија ни наметнува политичари и влади“, рекол Ципрас.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×