Шопингот во Србија продолжува? Сорос и’ фрлил око и на Галеника
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Американскиот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос заинтересиран е и за приватизацијата на фармацевтската компанија Галеника од Белград, пишуваат српските медиуми денеска. Како што вели “Данас“, Сорос  преку својот фонд Quantum Strategic Partners уште минатиот октомври, пратил писмо за заинтересираност до српската Агенција за приватизација, на нејзиниот оглас за продажба на 502 државни компании.

Сорос, минатиот месец беше во фокусот на српската јавност по објавиме дека тој е неофицијално поврзан со фондот Mid Europa кој ја купи  групацијата “Danube foods” во чија сопственост се “Имлек“ (сопственик на Млекара Битола),  “Бамби“, “Књаз  Милош“ и “Суботичка млекара“.

Интересот што фондот на Сорос го искажал за Галеника за сега не значи дека ќе влезе во преговори со српските власти, затоа што одлуката за начинот на приватизација и условите, се’ уште не е донесена.  Меѓу испратените писма за намери се наоѓаат и оние на неколку големи играчи во фармацевтската индустрија, пренесуваат српските медиуми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×