Шпараксе банка објави конкурс за обука и пракса во Австрија
Објавено на од во Банки и бизнис

 

Шпаркасе банкa го објави конкурсот за студенти и дипломци „Најдобрите од Југоистокот“ кој веќе традиционално се реализира во Македонија. Студентите и дипломците ќе имаат можност да добијат една од наградите кои им овозможуваат обука и пракса на Универзитетот Карл Франценс и Универзитетот за технологии во Грац, како и стипендија за Универзитетот за музика и применета уметност  во соработка со Операта во Грац, Австрија.

Најдобрите кандидати од областа на економските, правните и техничките науки ќе имаат можност за обука и пракса во европската реномирана банкарска групација Штаермеркише Шпаркасе, а по завршување на програмата и локално во Шпаркасе банка Македонија.

„Програмата  е од огромно значење за развојот на младите и талентирани студенти овозможувајќи им непроценливо искуство за нивен понатамошен влез во деловниот свет. Стекнатото искуство и надградба на знаењето во нашата банка во Австрија, како и на Универзитетите во Грац, се одлична препорака за почеток на нивната кариера во Македонија. Долгорочно гледано, проектот придонесува и за развојот на македонскиот финансиски сектор, бидејќи овие млади луѓе своето знаење ќе го применуваат во својата работа и ќе го споделуваат стекнатото искуство“, изјави Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија.

Програмата „Најдобрите од Југоистокот“ ја реализира Шпаркасе банка во соработка со  економските, правните и техничките факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а од оваа година се вклучува и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Прв пат годинава проектот се промовира и пред студентите на факултетите за музичка уметност во Македонија.

„Најдобрите од Југоистокот“ е одлична можност за размена на знаење и искуство од повеќе области. Студентите се многу задоволни од досегашното искуство во програмата, што ни кажува дека едногодишниот престој во Австрија за нив е од големо значење. Особено ми е драго што програмата добива се поголем публицитет од година во година и студентите веќе ја очекуваат за пријавување“,  изјави Љубомир Дракулевски, декан на Економскиот факултет.

„И оваа година интересот кај нашите студенти е голем. Преку оваа програма тие пристапуваат во развиен деловен свет во кој разменуваат значајни искуства со своите колеги од Европа. Полни со ентузијазам студентите кои учествуваат во програмата се враќаат во Македонија со нови перспективи. „Најдобрите од Југоистокот“ е ретко искуство кое можеме да им го понудиме на нашите студенти“,  изјави Борче Давитковски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Право на пријавување имаат сите студенти и дипломоци на економски, правни и електротехнички науки како и студентите на музичка уметност кои ги исполнуваат критериумите за учество.

Повеќе информации околу начинот и правилата за учество заинтересираните можат да најдат на веб страната на Шпаркасе Банка, како и на факултетите дел од оваа програма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×