Шпаркасе Банка Македонија добитник на две награди за општествено одговорни практики
Објавено на од во Компании
Шпаркасе Банка е наградена во категориите “Вложување во заедницата“ и “Заштита на животната средина“
Sparkase nagrada

 

 

 

 

 

 

 

Шпаркасе Банка Македонија  e добитник на две награди на годинешниот конкурс за најдобри општествено одговорни практики на македонските компании, во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП).

Шпаркасе Банка беше наградена во категоријата „Вложување во заедницата“ со проектот „Social Impact Award – Награда за социјално претприемништво“, кој се воведе во  Македонија за првпат минатата годинаво соработка со Млади инфо.

“Целта на овој проект е да се поттикне претприемничкиот дух кај младите, кои со напорот што го вложуваат за реализација на проектитевоедно решаваат и некои од проблемите на општеството. Од таа причина Шпаркасе Банка дава финансиска и стручна поддршка на овој проект, чие влијание во заедницата е повеќекратно. Преку овој проект младите даваат свои идеи, решенија на одредени општествени проблеми што се однесуваат на заштита на животната средина, создавање здрави животни стилови, обновливи извори на енергија, вработување други млади луѓе, целосна инклузија на лицата со попреченост во општеството и многу други социјални аспекти. Со ваков вид поддршка за формирање сопствени бизниси, младите луѓе се градат во идни социјални претприемачи, кои не чекаат на вработување туку самостојно го креираат“, објаснуваат во Шпаркасе Банка.

Во категоријата „Заштита на животната средина“ Банката ја освои наградата со проектот – Хуманитарна работна акција на вработените во Шпаркасе Банка во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

“Грижата кон животната средина е дел од корпоративната култура на Шпаркасе Банка Македонија, која континуирано се прикажува преку вложување во проекти за поддршка на социјално ранливите групи. Децата без родители и родителска грижа се една од маргинализираните групи во македонското општество. Од овие причини Шпаркасе Банка се одлучи да ја поддржи оваа категорија граѓани на долг рок и секоја година да дава свој придонес за подобрување на нивниот развој во рамките на секојдневното општество и создавање грижа кон средината во која тие живеат.“, додаваат од Шпаркасе Банка Македонија.

Целта на наградата за најдобро општествено одговорни практики е да се промовираат позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата, велат организаторите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×