Шпаркасе Банка Македонија го зголеми сопственичкиот удел во Македонската берза и Централниот депозитар
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје го зголеми своето сопственичко учество во друштвата Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, прекукупување на дополнителен пакет обични акции со право на глас.

SparkaseСо донесеното Решение од страна на Комисијата за хартии од вредност и со реализација на трансакцијата за стекнување на акциите, Банката го зголеми своето портфолио на акции во Македонска Берза АД Скопје од 6,02% на 15,97%, додека преку купување на дополнителен пакет на акции го зголеми и своето учество во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје од 5,95% на 19,98%.

Долгорочно вложувајќи, Банката очекува позитивен развој на пазарот на капитал во Република Македонија, како и позитивни финансиски резултати на наведените друштва.

Со ваквиот инвестициски чекор Шпаркасе Банка Македонија ја покажува својата доверба во институциите кои го водат пазарот на капитал и воедно придонесува за негов понатамошен развој, како и развој на целокупното економско окружување во државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×