Шпаркасе Банка со нова Дирекција за услуги со хартии од вредност
Објавено на од во Компании
Купување и продавање акции и обврзници,  инвестициско советување и уште десетина други услуги нуди новата Дирекција за услуги 
sparkase-banka

 

 

 

 

 

 

На 9.1.2017 г., во рамките на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје започна со работа новата Дирекција за услуги со хартии од вредност, која покрај другите услуги, на клиентите ќе им нуди и брокерски услуги (тргување со хартии од вредност).

Во делот на брокерските услуги, тимот од искусни и едуцирани брокери ќе им овозможи на идните клиенти брзо и едноставно тргување со хартии од вредност на Македонската берза, како и на сите берзи од регионот – Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, а наскоро и од Босна и Херцеговина, Грција и од Романија (СЕЕ Линк членки).

Дирекцијата ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност, и тоа:

 

  • купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
  • купување и продавање хартии од вредност по налог и за своја сметка;
  • управување со портфолио на хартии од вредност;
  • вршење активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност;
  • дејствување како покровител при котација;
  • инвестициско советување;
  • активности за сметка на трети лица за преземање акционерско друштво во согласност со Законот за преземање акционерски друштва;
  • чување хартии од вредност;
  • прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

 

Промотивно, со цел соодветно да го одбележи почетокот на работењето, Банката овозможува  повластени услови за тргување за сите клиенти што ќе започнат соработка со Банката во следните три месеци (заклучно со 9 април), во износ од 50% намалени редовни надоместоци за брокерско тргување. Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат на е-mail адресата:broker@sparkasse.mk или на телефон +389 23200 785.

Со започнувањето на работата на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка Македонија продолжува во насокана вистински финансиски „супермаркет“, каде што на едно место клиентот ќе има можност да користи и други финансиски услуги покрај традиционалните банкарски производи и услуги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×