Шпаркасе Банка во Штип отсега на нова локација
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со свечен настан во текот на вчерашниот ден, Шпаркасе Банка Македонија го прослави почетокот на работењето на својата експозитура на нова локација во Штип, на ул. „Јосиф Ковачев“ бр. 15.

На настанот, на кој воедно се одбележa и 15-годишен јубилеј од постоењето на експозитурата во Штип, присуствуваа многубројни клиенти, соработници и гости на банката од градот и од регионот. Новата експозитура која е лоцирана во новоизграден објект, располага со модерен ентериер според најсовремени стандарди воспоставени на ниво на Шпаркасе и Ерсте Групацијата.

„Шпаркасе Банка Македонија ги следи промените во трендовите и новите навики кај потрошувачите и со нивните очекувања ја приспособува и понудата на банкарските производи и услуги. Се надеваме дека експозитурата во Штип во новите деловни простории ќе ги задоволи очекувањата на клиентите и ќе им овозможи пријатна атмосфера при користење на највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување. Од неодамна во сите експозитури на Шпаркасе банка се овозможи слободен Wi-Fi пристап за сите клиенти и посетители на Банката“, изјави регионалниот директор на Регионална дирекција – Исток, Васко Мукаетов.

Во рамки на сеопфатна палета производи и услуги што ексклузивно ја вклучува и лизинг понудата, како специјален дел од настанот беше презентацијата на ексклузивните модели на Jaguar Land Rover, како и практичните модели на Citroёn, кои беа изложени пред експозитурата благодарение на „Аутомобили гроуп“ и „Автонова“. Тие одблиску се запознаа со моќта и престижот на Jaguar Land Rover, како и со урбаните ѕвезди на францускиот автогигант.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×