Шпигел: ЕУ планира забрана за патување и блокада на сметки на македонски политичари
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Европската унија се разговара за забрана за патување и за блокада на сметки на македонски политичари, пишува германски Шпигел, додавајќи дека германската канцеларка, Ангела Меркел, го предупредила претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека треба да се стави крај на блокадата на Собранието.

„Иако во Европската служба за надворешна политика сѐ уште јавно не се дискутирало за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции, изјави еден претставник на службата на состанок на европските партнери на почетокот на април“, пишува Шпигел, а пренесува Дојче веле.

„Голема е загриженоста и фрустрацијата на земјите-членки и на институциите поради долготрајниот политички ќорсокак во земјата“.
Шпигел пишува дека германската канцеларка на конгресот на Европските народни партии во Малта го предупредила Груевски да престане со блокадата на формирањето на новата влада.

Според Шпигел, се планираат два вида санкции против Македонија – забрана за патување и блокирање на сметки за одредени македонски политичари. А се размислува и за кратење на претпристапната помош – пари кои Македонија ги добива во рамките на подготовките за членство во ЕУ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×