Шпигел: Македонија ќе стане „бафер зона“ за спас на Европа од бегалците!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонија добива нова улога во регионот. Оваа мала држава со два милиони популација развива и гради ограда и ќе стана бафер зона против бегалците. Ова е акт на ад хок решение, оти не постои заедничка политика на Европа за решение со бегалците, а не постои и решение како да се менаџира границата со Грција, пишува германскиот весник Шпигел.

Меѓутоа, како што пишува авторот на текстот, кој претходно потсетува на деталите за политичката криза во Македонија,  цитира изјава на експертот Душан Релјич од Институтот за економија и политика, ова е „опасна логика“.

„Ваков договор ќе создаде слика дека македонската влада треба да ги стопира беглаците од Средниот Исток, задача што ќе ја извршува за сметка на ЕУ, што пак ќе му даде политички поени на Груевски“, вели тој.

Во оваа насока, весникот потсетува на изјавата дадена од премиерот на Унгарија Виктор Орбан кој рече:

„Како дел од решението со бегалската криза е Македонија, која за сметка на тоа ќе биде вклучена во ЕУ и во НАТО“.

Токму поради тоа, весникот го заклучува следново:

„Оградата веќе се поставува: Македонија станува бафер зона за бегалците, а голема помош за ова доаѓа од Источно Европските држави. Западот беневолентно гледа на ова. Сепак тоа ќе биде скап договор“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×