Шпигл: Вучиќ е парадер, авторитарен и популистички премиер  
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германскиот весник Шпигл во неодамна објавен текст  се позанимава со авторитарните лидери во земјите од Западен Балкан. Најзастапен во контекстот е српскиот премиер Александар Вучиќ, кој, ако до неодамна беше сметан за носител на прогресот во Србија од страна на германските медиуми, истите сега за него пишуваат дека владее авторитарно и недомократски.

Како што пренесе Дојче Веле од текстот на Шпигл, Вучиќ е претставен како параден премиер, со авторитарен и популистички пристап кон владеењето. Но, на Европската унија, сепак, повеќе ѝ требаат стабилни, од принципиелни лидери, пишува весникот.

Според Шпигл, на Западниот Балкан владеат авторитарни лидери и корумпирани политичари, кои сѐ помалку се заморуваат со прашањата на демократијата и на владеењето на правото.

Шпигл потсетува дека и покрај истите заклучоци за поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, Западот го подржуваше, и сѐ уште им е потребен поради политиката поврзана со бегалската криза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×