Штаермеркише Шпаркасе ги проширува своите активности во земјава: купува 74,53% од Охридска банка Сосиете Женерал
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац денеска потпиша договор за купопродажба на акции соСосиете Женералсо цел да се стекнат со сите акции во сопственост на Сосиете Женерал во Охридска Банка Сосиете Женерал (ОБСЖ) во Република Северна Македонија, кои претставуваат околу 74,53% од уделот во капиталот на Банката. Со оваа трансакција Штаермеркише Шпаркасе ќе може значително да ја зајакне постојната пазарна позиција во Република Северна Македонија.
Sparkasе

Процесот на купување на Банката ќе се спроведе во контекст на задолжителна тендерска понуда која ги опфаќа сите акции издадени од Охридска банка Сосиете Женерал, вклучувајќи ги и акциите што ги поседуваат преостанатите малцински акционери, а чие што отпочнување е предмет на одобрување од Европската централна банка, како и Народната Банка на Република Северна Македонија, институциитенадлежниза пазарот на капитал и институциитеза заштита на конкурентноста.

„Регионот на Западен Балкан и понатаму ни нуди атрактивен потенцијал за раст. По темелно анализирање на Охридска Банка Сосиете Женерал, една од водечките банки во Република Северна Македонија кои се активни интернационално, заклучивме дека оваа банка ќе одговара на бизнис моделот на Штаермеркише Шпаркасе поради нејзината големина и стратешката ориентација. Како регионална банка што работи во повеќе земји, ние смејасно фокусирани на проширување на нашата пазарна позиција во Штаерска и регионот на Западен Балкан. Затоа сум исклучително задоволен што можеме речиси тројно да го зголемиме нашето присуство во Република Северна Македонија со ваква соодветна аквизиција и да се развиеме како референтна банкарска групацијаво земјата“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор наШтаермеркише Шпаркасе.

ОБСЖ во моментот има вкупна актива во износ од околу 650 милиони евра и повеќе од 400 вработени. Нејзиниот бизнис фокус е насочен кон населението и корпоративното банкарство. Штаермеркише Шпаркасе е застапена во Република Северна Македонија од 2008 година преку својата локална банка, Шпаркасе Банка Македонија, со сегашна вкупна актива од 350 милиони евра. По преземањето на ОБСЖ, Штаермеркише Шпаркасе ќе располага со вкупна актива од околу една милијарда евра во Република Северна Македонија, со што ќе стане четврта по големина банкарска групација со пазарен удел од околу 12 до 14%, во зависност од сегментот. Оваа инвестиција претставува значителен потенцијал, особено ако политиката и економијата на Република Северна Македонија продолжат и понатаму позитивно да се развиваат за време на нејзиното пристапување кон ЕУ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×