Штефан Петер: Владата е позитивно настроена кон инвеститорите
Објавено на од во Економија
Владата е позитивно настроена кон инвеститорите, презеде доста активности, а планот за економски раст е една од нив за кој направија подобрување, оцени денеска Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
СХТЕФАН ПЕТЕРТој, во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, порача дека не сака да дава оценки за Владата на половината на нејзиниот мандат и нагласи дека во „Белата книга“ што Советот за странски инвеститори ја издаде во декември минатата година има неколку препораки кои им се предочени на премиерот и вицепремиерот за економски прашања.
„Климата за инвестиции се подобрува чекор по чекор и сметам дека тоа е вистинската брзина со која треба да одат реформите. Сите сакаме брзи реформи, но некогаш е подобро постепено да се направат стабилни реформи за да можат и компаниите да ги следат. Токму затоа, како Совет на странски инвеститори сето тоа го наведовме во „Белата книга“ каде кажуваме какво очекуваме да биде бизнис опкружувањето и стабилноста во владеењето на правото, а не одевме со општи клаузули што треба да се поправи во тие сегменти“, рече Петер.
Потсети дека премиерот во неколку наврати дека 2019. ќе биде економска година и оти неговиот фокус ќе биде насочен кој економијата.
„Мислам дека веќе направи неколку чекори во изминативе месеци. Очекуваме тоа да продолжи со засилено темпо до крајот на годинава, но и во 2020 година. Секогаш ги замолувам моите колеги да бидат потрпеливи затоа што економскиот раст не доаѓа од еден во друг месец, туку се потребни години. Сите заедно – домашните компании, странските инвеститори и Владата треба да работиме во таа насока“, посочи Петер.
Нагласи дека не е фан на статистиката која, како што рече, се однесува на нешто што се случило претходно и ако го насочите правецот може да манипулирате со статистичките податоци.
„Реалната економија доаѓа и од чувството да се погледнат луѓето кои се на улица и кои работат, а не само што е презентирано  во официјалната статистика од Државниот завод за статистика. Мислам дека бранот на добрата економија во ЕУ е добра почетна точка за добра економија и во Северна Македонија. Секогаш преферирам да ги земам добрите бројки од статистиката и да бидам оптимист, отколку да ги земам негативните и да бидам песимист во поглед на економијата“, нагласи Петер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×