Штериев: Додека не дојдеме во ситуација да имаме по неколку нови емисии на акции годишно не сме постигнале суштински квалитетен развој како пазар
Објавено на од во Економија
 “Многу е битно дали позитивните неекономски случувања, како што е влезот во НАТО, очекуваниот почеток на преговорите со ЕУ и сл., ќе привлечат странски портфолио инвеститори на берзата кои веќе подолго време ни недостигаат”, смета првиот човек на Македонската берза, Штериев.
Steriev 1
“Минатата 2018 година беше доста успешна за Берзата, а по повеќе параметри и најдобра во последната деценија. Oстварениот промет во првиот квартал годинава, при тргување со акции во БЕСТ системот,е на приближно исто ниво како лани. Позначајни надолни отстапувања има кај тргувањето со обврзници и блок трансакциите, но има и логични објаснувања за тоа (ланските многу големи блок трансакции кај банките и двете последователни котации на обврзници за денационализација). Ценовната перформанса на МБИ 10 во 2019 година засега е нешто под 6% во плус, после три претходни години во кој индексот континуирано се зголемуваше со двоцифрени проценти. Неодамна објавените неревидирани финансиски извештаи на котираните компании за 2018 година покажуваат дека нивната вкупна добивка е а 26% повисока од претходнатагодина, иако во последниот квартал лани позитивната динамика како да се намалува”, изјави главниот извршен диретор на Македонската берза во воведниот говор на денешната 20 годишна Конференција која се одржува денеска во Охрид.
Според Штериев, македонскиот пазар на капитал во целина денес се наоѓа во ситуација кога не се знае дали може добриот резултат брзо да се подобри или пак некои лимити засега се веќе достигнати.
“Ќе видиме дали изразениот оптимизам кај инвеститорите од минатата година ќе продолжи, дали ќе се појават некои нови инвеститори, и домашни и странски. Мора да се нагласи дека пазарот е прилично плиток. Воедно, структурата на инвеститорите последниве неколку години се темели првенственона домашни физички лица. Оттука, карактеристика на нашиот пазар е немање јасно изразени „одредувачи на цени“ (т.н. price setters), каква што е праксата на развиените пазари, односно повеќе институционални инвеститори кои врз основа на темелна анализа ги формираат цените”, смета Штериев.
Според него, многу е битно дали позитивните неекономски случувања, како што е влезот во НАТО, очекуваниот почеток на преговорите со ЕУ и сл., ќе привлечат странски портфолио инвеститори на берзата кои веќе подолго време ни недостигаат.
“Значи, потенцијал за уште една добра берзанска година секако дека постои, очекувањата на инвеститорите се сеуште позитивни, фундаментите на котираните компании се добри, но треба да се исполнат и некои други предуслови. Времето ќе го каже своето. Истовремено, прудентно е да се нагласи дека токму нараснатите очекувања генерирани од неекономските случувања, доколку се надминат определени рационални рамки, може да се трансформираат во ризичен фактор”, предупредува Штериев.
Штериев потврдува дека Македонската берза ќе остане промотор на концептот за финансирање на бизнисите преку берзата, на дежурната тема за IPO-а.
“Сметаме дека додека не дојдеме во ситуација да ни се појавуваат неколку вакви емисии годишно не сме постигнале суштински квалитетен развој како пазар. Ние во Македонија и во регионов сеуште немаме конзистентен образец акционерските друштва периодично да излегуваат на берза. Берзанскиот материјал е сеуште главно производ на приватизацијата. Оттука, креирање на окружување во кое некои компании повремено ќе решат да излезат на јавниот берзански пазар (да направат т.н. going public), на сите регионални берзи им останува стратешка цел. Колку и да е ова зборувано, заложбите во овој правец мора да продолжат и понатаму. Тоа, очигледно, ќе биде долг процес”, вели Штериев.
Од Берзата информираат дека неодамна е инициран проект, со поддршка на Министерството за економија, чијашто цел е да се обезбедат средства со кои на домашните компании што ќе се охрабрат да направат IPO и да котираат на берзаќе им бидат надоместени трошоците поврзани со овој процес.
”Примерот за овој проект ни е една функционална шема во Бугарија. На овој начин ќе се обидеме да ја отстраниме трошковната пречка што компаниите кои размислуваат да се трансформираат и да котираат на берза често ја истакнуваат”, порача Штериев.
Штериев го посочи како добар пример неодамнешното издавање на т.н. перпетуална обврзница од страна на УНИБанка, кое според него, може и треба да даде сигнал кон сите потенцијални емитенти дека со одредена доза на креативност може да се дизајнираат финансиски инструменти што на кој било издавач можат да му помогнат во остварување на неговите краткорочни и/или долгорочни бизнис цели.
“Ова е потврда дека пазарот на хартии од вредност може да се искористи за прибирање нов капитал и дека нуди различни опции”, смета Штериев, заклучувајќи дека е време да формулираме една сеопфатна стратегија за тоа каде сакаме да биде пазарот на среден и долг рок, со оглед дека законските одредби за задолжителна котација престануваат да важат во 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×