ЏОЗЕФ СТИГЛИЦ АНАЛИЗИРА ЗОШТО БОРБАТА СО ГЛОБАЛНАТА КРИЗА НИ ПОСЛЕ ШЕСТ ГОДИНИ НЕ НОСИ РЕЗУЛТАТИ!?
Објавено на од во Економија

Џозеф Стиглиц е добитник на Нобеловата награда, и е еден од водечките светски интелектуалци. Треба да се оттргнеме од нејзе. Кратењата кои ги спроведуваат Ангела Меркел и другите европски политичари се катастрофа. Потемелен проблем во Европа е недостатокот на побарувачка. А токму тоа го донесоа мерките за штедење, објаснува тој одговарајќи на новинарот на загребски Глобус.

Нобеловецот за кој и новинарите и студентите се грабаа на состанокот на нобеловците во германски Линдау, под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел. Сите го сакаат токму Стиглиц. Скромен е, кооперативен и бескрајно симпатичен.
Во 71 година Стиглиц е дури помеѓу помладите нобеловци. Неговиот универзитет е Колумбија, а анализите велат дека тој е четврти највлијателен економист на денешницата.
Се што ќе каже и напише се чита со уважување.

Штиглиц и во живо е со ведар дух, насмеан, интелектуално жив и јасен. Еден од од оние кои не слегуваат од листата на стотина највлијателни луѓе на светот според изборот на престижни светски медиуми како што е Тајм.
Глобалната нееднаквост е темата со која Стиглиц се занимава во последните неколку години. За нејзе во 2012 објави книга и ја лансира темата на нееднаквоста и се поголемата разлика помеѓу богатите и сиромашните помеѓу светските топ теми.
Некогаш близок на меѓународните финансиски и монетарни институции, Стиглиц денеска е човек кој ги анализира последиците на капиталистичкиот систем кој го промени глобалниот поредок.
Во Германија со Стиглиц за Глобус разговаравме и пред три години. Тоа беше се уште време на длабока рецесија и глобално преиспитување.
Сега како што вели Стиглиц, иако помина толку време за Европа, економијата се уште се труди да се раздвижи.
Политичките одлуки и начинот како денеска функционира светот е нешто што Стиглиц емотивно навистина не го разбира иако неговиот економски гениј и за тоа нуди јасни објаснувања.
Од сите европски новинари кои ги покани на дружење во Линдау , од областа на европскиот југоисток поканет беше единствено Глобус со кој помина повеќе од еден час и кажа:
„Кога јас студирав воопшто не бев оптоварен со тоа дали ќе добијам работа или не. Никој тогаш на тој начин не размислуваше. А денеска ситуацијата е навистина поинаква“, објаснува тој кога го прашавме како ги доживува младите луѓе кои ваму дошле да слушаат што нобеловците зборуваат . Една девојка која ја запознавме паралелно работи два докторати од економија и психологија, секој постар од 35 години би помислил дека е потполно луда, но таа е само свесна за тоа во каков свет живее.

Господине Стиглиц, што се промени во последните три години од кога последен пат разговаравме?

Глобалната финансиска криза го промени начинот на размислување на луѓето. На сите нивоа вклучувајќи го и научното. Сепак не е се тоа доволно променето. Се уште не се откажавме од некои модели кои не беа успешни.
Пред неколку години прашањето на нееднаквоста не беше толку важно, но сега е. Кога бев со вас пред три години, реков дека светот и економската наука се во криза. Се случија и некои промени, но и понатаму постои кризата. Стандардните модели беа лоши. Ниту ја предвиделе ниту ја решиле кризата.
Затоа таквата финансиска криза предизвика и криза во науката. Од проблемите кои тогаш ги споменувавме нееднаквоста и сега е препознаена како голем проблем. Па дури и ММФ призна во која мерка таа влијае на макроекономијата.

Во каква состојба е денеска Европа?

Европа не закрепна целосно. Соединетите Држави исто така не се закрепнаа потполно. Растот не е е толкав колкав би бил без оваа криза. Се води нова дебата во светот за коа како можеме да ја објасниме лошата состојба која и понатаму трае. Како е можно стандардните теории на економско закрепнување не успеале да дадат одговор на прашањето зошто економиите не се закрепнаа ниту станаа постабилни.

Дали младите луѓе се свесни за последиците на кризата и дали се доволно ангажирани?

Секогаш ги охрабрувам своите студенти да ги предизвикуваат постојните теории и модели. Но, тие живеат во поинакво време и тоа загрижува. Кога бев студент во шеесеттите, пазарот на труд беше сосема поинаков. За тоа не моравте да се грижите.
Денеска имате 50% невработеност помеѓу младите во Шпанија, 35% во Грција… и сето тоа е катастрофа. Младите луѓе се грижат како да добијат работа. Во таа егзистенцијална битка внимаваат да не се предизвикуваат оние кои можат да им помогнат околу таа работа, да кажеме сите кои можат да им напишат препорака на факултет.
Јас никогаш во моето време не сум размислувал за вработување како проблем. Тоа не бев само јас туку тоа беше такво време. Мислев дека е доволно само да го покажам своето знаење и ќе добијам работа.
Но, денеска преовладуваат сосема поинакви размислувања.

Како може да се врати растот ? Што треба да се направи?

Видете, бевме болни и претходно, но тоа не се детектираше. Имавме дисфункционален финансиски систем кој доведе до тоа денеска да мора да се бориме против тоа банкарскиот систем да биде толку ризичен.
И како можеме да го запреме за да не не докрајчи во некое понатамошно сценарио? Што треба да направиме за до тоа да не дојде?
Второ имаме дисбаланс помеѓу различните земји – некои држави се во плус, како на пример скандинавските земји, но некои се на колена!
И трето нееднаквоста: луѓето не трошат. Она што е најзагрижувачки е што не трошат особено оние на врвот, и тоа не ја помрднува глобалната економија! Во поголем број земји таа нееднаквост трае во последните 35 години.
Не можеме само да сонуваме да се вратиме во свет како што беше во 2007 или 2008 година, бидејќи тој свет не функционираше.
Европа има дополнителен проблем, бидејќи сите сфаќаат дека еврото не беше оптимално решение како валута кога настана. Со тоа е створен систем на нестабилност. Не можеме да очекуваме да почне потрошувачката кога 99% од луѓето имаат помалку отколку што имале порано.
Централната европска банка, како и другите институции постојано ги намалуваше последиците од мерките за штедење. Постојните модели навистина се длабински погрешни и затоа навистина треба да ги смениме. Тие не постигнаа ништо.
Не сум премногу оптимистичен. Не се носиме добро со ова што го имаме, а сега имаме уште и одредени геополитички ризици.
Нормално дека никој не можел да предвиди се што се случуваше со Украина, санкциите кон Русија и слично, но тоа не создава впечаток дека работите ќе се менуваат на подобро. Геополитичките фактори само ќе ги направи работите поранливи.
И мора да ни биде јасно дека политиката на штедење пропадна и дека треба да се оттргнеме од нејзе.

Што мислите за договорот за слободна трговија за која се преговара помеѓу САД и Европската Унија?

Не знаеме многу за тоа кои се преговарачките позиции. Тоа се држи надвор од јавниот фокус што не е добро бидејќи не постои транспарентност. Преговорите се одвиваат недемократски и тоа би требало да ја загрижува јавноста и во Америка и во Европа. Особено во Европа каде секогаш се инсистира на транспарентност и отвореност.
Еден од високо позиционираните членови на кабинетот на еден сенатор во САД сакаше да дознае нешто и за американската преговарачка позиција за ова и кога тоа се обиде да го дознае му рекле да се губи.
Тоа беше голема грешка, бидејќи се воспостави дека тој сенатор е баш претседател на одбор кој е врзан за тие преговори.
Корпорациите, пак, знаат како и за што се преговарало, и затоа многу е почесно да се каже дека тие ги создаваат рамките по тоа прашање. Но, јавноста не знае. Најголем дел од американците мислат дека тоа не е во ред.
Освен тоа, во минатото се случувало поради наводно отворање на пазарите да се оди во војни како што се на пример „опиумските војни„ во Кина.
Слично се случило со американскиот извоз на цигари во Уругвај. Уругвај се обидел да го намали и запри, но Филип Морис за тоа ја тужи државата Уругвај сметајќи дека не ги почитува договорите за инвестиции.
Значи дозволено е да се „убиваат„ луѓе во другите земји низ трговијата и трговската политика. Сега САД сакаат Европа да потпише договор за слободна трговија.
За среќа Германија на тоа се противи и тоа се добри вести.

Дали овде тоа и го кажавте и на канцеларката Ангела Меркел?

Да и кажав, но сепак и понатаму сум против нејзините мерки за штедење. И тоа и го кажав. Од тоа би требало да се откажеме. Мерките на кратење се катастрофа.

Зошто мерките на кратење не се толку добри? И зошто Еврозоната за вас не е толкав проблем?

Ако само една земја во Еврозоната би била проблем би рекол ОК, таа земја има проблем, секогаш постои некој кој има проблем, и со кој лошо се управува. Кога настана еврото, настанаа механизми на прилагодување, и секоја земја членка на Еврозоната мораше да го прифати она што заедничката валута претставува.
Но, кога доживеавте една со друга земја да влегуваат во проблеми, тогаш стана јасно дека тука очигледно нешто не штима со целиот систем. Исто беше и со банките во Америка.
Значи, не е проблем една банка, туку кога една по друга имаат исти проблеми тогаш настанува катастрофа. Тоа се системските проблеми. Земјите се, и во историјата биле, премногу различни, за да би можеле да делат заедничка валута. Ни требаа индустриски политики кои би помогнале на помалку развиените земји за да ги стигнат оние побогатите, но тоа не се случи.
Европската централна банка се занимаваше со инфлацијата кога главните прашања беа невработеноста и недостатокот на раст! Тие погрешни политики силно влијаела на ситуацијата.
Се зборува дека е доволно да се избегне дефицитот и долгот. Ирска и Шпанија беа во плус пред кризата па тоа на ниеден и никаков начин не ги заштити. Секој економист тоа денеска го знае и го гледа. И повторно институционалната рамка, и политиките не се променети.
Потемелен и важен проблем во Европа е недостатокот на побарувачка. А тоа го донесоа мерките на штедење. Има неколку случаи на мали земји во кои се успеа да се поттикне извозот. Но тоа се малите земји чии трговски партнери брзо пораснаа. Европа е голема економија, а светската економија не е во добра состојба!
И оттука, не знаеме каде планираме да извезуваме? На Марс? Месечината? Економиите забавуваат во Азија. САД исто така сака да извезува… И каде ќе извезуваат сите?
Ако на луѓето им паѓаат приходите, а им паднале за 25% како може да очекуваме дека било кој ќе купува? Кога луѓето ги изгладнувате, замислете ви се молам дека луѓето не трошат толку колку што тие очекувале!

Една од новите ѕвезди на економската теорија е Томас Пикети, француски економски кој предизвика голема светска хистерија со својата книга „Капиталот во 21 век“. Што мислите за неговата работа?

Проблем на 21 век е политиката, а не економијата односно донесувањето на политички одлуки кои после тоа влијаат на економските. Мислам дека внатре во системот на пазарната економија ние можеме да создадеме поправеден систем и дека тоа е возможно.
Во таа смилам мислам дека е погрешен тонот на неговата книга. Но, неговиот придонес во собирањето на податоци во различни земји за време на векот е навистина важен за науката.
Тој во книгата ја застапува тезата дека периодот после Втората светска војна до 1980 бил период на најмали нееднаквости. Јас во мојата книга „Цената на нееднаквостите“ пишувам за истиот тој период кој во САД бил период на најбрз раст.
Поради тоа економиите најбрзо растеле, и луѓето при тоа чувствувале конкретни промени.

Дали одлуката на европските држави, и САД за санкции кон Русија од економски гледиште е самоубиствена?

За влијанието на санкциите многу се разговара помеѓу економистите. Добро разработените универзални санкции би можеле да бидат корисни. Санкциите биле ефикасни во борбата против Апархејдот во Јужноафриканската Република на пример.
Но, санкциите кои не се заеднички и оние кои немаат консензус, тие не се ефикасни. Соединетите Држави имаат санкции против Куба и тоа со децении, но иако тие влијае на животот на луѓето, нивната влада не се промени!
Значи не беа успешни. Разбирливо е дека западната заедница некако мораше да одговори на она што се случува. Но без глобална поддршка навистина се сомневам дека тоа ќе има смисла.

Пикети бара данок на богатите. Дали го поддржувате тоа?

Оданочувањето на капиталот е важен аспект во обидот за создавање на егалитарен систем. Во САД и во сличните земји вознемирува тоа што немаме праведен даночен систем. Капиталот помалку се оданочува од приходот.
Еден од сенаторите во расправа праша како ќе му објасни на неговиот водоинсталатер дека него го оданочуваат по два пати повисока стапка отколку некои луѓе на Вол Стрит.
Ворен Бафет праша зошто него помалку го оданочуваат отколку неговата секретарка. И сите го знаеме одговорот, па тоа е политика!
Компаниите даваат големи донации во кампањата, и добиваат помали даноци. Причинете да се воведе глобален данок имаат корен во тоа што ако во една земја воведете висок данок, капиталот просто ќе се премести во друга земја. Тоа е уште еден од пропустите на Еврозоната. Затоа што ако имате заеднички пазар мора да имате и прогресивен даночен систем на исто ново. Тоа е многу тешко. И тоа секогаш е политичка, а не економска одлука.
Кога се во прашање корпорациите, тогаш е уште полошо. Но луѓето почнуваат полека да се освестуваат, и да се бунат против тоа. Корпорациите не се граѓани и тие немаат лојалност или државјанство. Тоа го гледаме во избегнувањето на плаќањето на даноци. Тоа е системско избегнување на даноците и тоа го прават компаниите чија технологија е развиена, и благодарејќи на инвестициите за кои пари дале американските државјани.
Тоа се компаниите како Епл и Гугл. Епл тврди дека сите нивни иновации и се она што работат во суштина почива на само неколку луѓе кои за нив работат во Ирска. Овде се работи за потполно отсуство на минимална граѓанска одговорност. Тоа не е корпоративна туку општествена одговорност.
Тие не би постоеле без инвестиции во технологијата, тие се подготвени да земаатмногу, но не се подготвени да дадат. Тие не се ништо подобри од банките.

Пренесено од хрватски “ГЛОБУС”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×