Штипскиот бизнис сектор и студентите се запознаа со концептот на овластен економски оператор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Царинската управа на Република Северна Македонија денеска пред бизнис секторот и студентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип го промовираа концептот за овластен економски оператор, како и неговото значење и бенефитот кој ќе го имаат фирмите.
carina-logoБилјана Гаџовска од Царинската управа на Република Северна Македонија вели дека накратко овластен економски оператор е највисокото одобрение, коешто можат да го издадат на една компанија.
„Тоа значи трговски друштва, сигурни и безбедни во спроведување на своите постапки. Бенефитот во секој случај е намален број на контроли од страна на Царинската управа, дали се тоа физички, дали се тоа документарни контроли. Најмногу од се е заемното признавање, во рамките на ЦЕФТА земјите“, вели Гаџовска.
Додава дека законот за овластен економски оператор постои одамна, но сега се врши усогласување со законодавството на Европската унија.
„Можеме да се пофалиме дека имаме издадено две одобренија на ниво на Република Северна Македонија и пет веќе се во процедура“, рече Гаџовска.
Иван Спасовски управиник на Царинската управа во Штип, вели дека во штипскиот регион има 80 економски оператори, од кои најголемиот дел се од текстилната индустрија, потоа  машинската и прехранбена индустрија. Забележува дека досега овие фирми немаат конкурирано за добивање на овластен економски оператор, но имаат пројавено интерес. Поволностите се побрз проток на стока, скратување на царинските постапки, стекнување на доверба не само со нашите царински служби, туку и во сите земји членки на ЦЕФТА:
„Овластен економски оператор е всушност градење на доверба меѓу Царинската управа не само во нашата земја, туку и во региони и земјите на ЦЕФТА. Усогласена е нашата регулатива со европската, коишто даваат повластици да се користи во земјите на Европа, па и пошироко“, вели Спасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×