Што бара Заев – услови за фер битка со власта или продолжување на тајм-аутот?
Објавено на од во Политика

Со инсистирањето со ВМРО-ДПМНЕ да разговараат за техничка влада според агенда од која главно ќе се чита дека претходните избори не биле фер и демократски, СДСМ остава впечаток дека го кочи процесот што би требало да доведе до услови за порамноправна битка меѓу власта и опозицијата – во Собранието и на следните избори. На социјалдемократите како да им треба уште време поминато во сигурноста на „сенката“ од столбовите на стратегијата од која засега во јавноста излезе само списокот со кадровски решенија

Сѐ поизвесно е дека деновиве ќе продолжи политичкиот дијалог за надминување на кризата што настана по изборите по кои опозицијата одлучи да го бојкотира Парламентот. Последната информација до затворањето на овој број на Капитал е дека преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ до крајот на неделава ќе имаат нова средба. Според бриферите од партиите каменот на сопнување е формулацијата која СДСМ инсистира да влезе во името на точката од преговарачката агенда под која ќе се разговара за механизмите што би ја успокоиле опозицијата пред излегувањето на следни избори.

Формулацијата е „механизми што ќе обезбедат фер и демократски избори“, што би значело дека ВМРО-ДПМНЕ треба да прифати оти изборите во април не биле фер и демократски. Овде се поставува прашањето што сака да издејствува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во преговорите. Дали услови што ќе му овозможат на избори да докаже дека доминантното расположение на народот е за промени, против „ненародната“ власт? Или по секоја цена сака да се оправда за изборниот пораз? Ако му е поважно првото, зошто тогаш дозволува да се губи време, но и фокусот од дупките во изборниот процес кои треба да се пополнат за истиот што помазно да помине според критериумот фер и демократски?

На странците вклучени во преговарачкиот процес им е повеќе од јасно кои се невралгичните места на македонските избори и (според партиски брифери) веќе има работни верзии на решенија за подобрување на изборниот процес според европските искуства и законодавство. За нив инсистирањето со насловот на споменатата точка да се алудира дека претходните избори биле нефер и недемократски, што ВМРО-ДПМНЕ секако нема да го прифати, е само непотребно кочење на процесот. Со ова и со барањето со ВМРО-ДПМНЕ да се преговара и за техничка влада Заев остава впечаток дека договорот за излез од политичката криза помалку би му одоговарал нему отколку на власта. Односно, дека во СДСМ и кога би биле задоволни од евентуално постигнатиот договор, не се чувствуваат подготвени набргу да се вратат во институционалната битка во Собранието, или за скорешно ново изборно соочување. Како посигурно да се чувствуваат во „сенката“ од столбовите на стратегијата од која засега излезе само списокот со кадровски решенија. Зашто настрана од тоа што во ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од јасни дека за техничка влада нема да разговараат, и преставниците на меѓународната заедница не го поддржуваат ова најспоменувано барање од петте што СДСМ ги испорача како услов преговорите да продолжат.

Социјалдемократите се обидоа да поентираат по изјавата на коориднаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, дека (во партијата) „не размислувале за предвремени парламентарни избори“, и оти претходната негова изјава, според која, ако пратениците од опозицијата не се вратат во Парламентот, во ноември ќе бидат распишани предвремени избори, била извадена од контекст. СДСМ прашуваше кој го притиснал Димовски да ја повлече изјавата (за избори во ноември) и заклучи дека ВМРО–ДПМНЕ е во потполна конфузија.Но, повеќе од јасно е дека „заканата“ со констатирањето на оставките на пратениците на СДСМ и организирањето предвремени избори имаше функција само да ја допритисне опозицијата да се врати во Парламентот, што, ако се случи, ќе значи победа за ВМРО-ДПМНЕ, односно дека за владејачката партија предвремени парцијални избори би биле изнуден потег.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×