Што добија Бугарија и Романија од членството во ЕУ?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Bugarija 2Предностите кои овие две земји членки ги добија од еднодецениското членство во ЕУ се бројни – од изградба на демократијата до милијарда евра европски фондови кои ги искористија за изградба на инфраструктурата, отворање на нови работни места и поттикнување на економијата. Изминатите десет години се години во кои овие земји постигнаа висок економски раст, значително намалување на невработеноста и покачување на платите и животниот стандард. 


Бугарија и Романија минатата година одбележија една деценија членство во Европската унија (ЕУ). Овие две земји на 1 јануари 2017 година станаа 26 и 27 земја членка на ЕУ.

Предностите кои овие две земји членки ги добија од еднодецениското членство во ЕУ се бројни – од изградба на демократијата до милијарда евра европски фондови кои ги искористија за изградба на инфраструктурата, отворање на нови работни места и поттикнување на економијата. Изминатите десет години се години во кои овие земји постигнаа висок економски раст, значително намалување на невработеноста и покачување на платите и животниот стандард.
Во време на растечки евроскептизицам во рамки на ЕУ и неизвесност во која насока ќе се трансформира Унијата, овие две земји можат да послужат и како пример за трансформациската моќ која на има Европската унија, посебно за земјите со слаби демократски системи и голема корупција во институциите на власта.
Бугарија доби милијарди евра од европските фондови

Членството на Бугарија во ЕУ и овозможи на земјата за стане дел од најголемиот трговски блок на светот- единствениот пазар од 500 милиони потрошувачи, а стабилноста и сигурноста на прописите и стандардите на Унијата создадоа поволни услови за зголемување на странските инвестиции во бугарската економија.
Бугарската економија во 2015 година постигна највисок раст од зачленувањето во ЕУ, кој изнесуваше 3%, а земјата имаше и голема корист од структурните фондови.
Податоците покажуваат дека за периодот од 2007 до 2013 година Бугарија добила скоро две милијарди евра од програмата за транспорт, што е искористени за 20 нови метро станици во Софија, како и за завршување и за подобрување на квалитетот на автопатиштата и реновирање на железничките станици во повеќе градови во земјата. Дополнително за периодот од 2014 до 2020 година Бугарија ќе може да искористи уште 1,5 милијарди евра за оваа програма.

Од влезот во ЕУ па до 2013 година само за животна средина Бугарија реализирала 281 проект во вредност од повеќе од 400 милиони евра, додека други 155 проекти во вредност од 1,5 милијарда евра се во фаза на реализација. Со овие проекти се решени и некои од најголемите проблеми кои ги имала земјата, како на пример, изградени се повеќе од 2.600 километри водоводи и канализации, изградени се и реновирани повеќе од 50 станици за прочистување на отпадни води, подобрена е инфраструктурата за вода за пиење и изградени се 18 депонии за цврст отпад.
За иновации и конкурентност во периодот од 2007 до 2014 година се потпишани проекти во вредност од милијарда евра, пари кои се користени за технолошка модернизација на малите и средни претпријатија, усогласување со меѓународните стандарди, како и за основање на технолошкиот парк во Софија за иновации. Ист износ од околу една милијарда евра е планиран да добие Бугарија за периодот до 2020 година.

Бугарија исто така била многу активна и на полето на образование и културна размена, па од 1999 година до 2017 година десетици илјади ученици и студенти, како и наставници учествувале во програмите за младинска размена, волонтерски програми, како програми во рамки на Erasmus mundus.
Романија-Зголемени плати и намалена невработеност

Животот на Романците денес на директен или индиректен начин е резултат на членството на земјата во ЕУ, благодарение на демократизацијата и трансформацијата на општеството, но и конкретната корист која ја носи членството за граѓаните.

Европските фондови во Романија овозможија отворање на над 40.000 нови работни места и дека денес Романија има една од најниските стапки на невработеност, која е за 3,1 процентен поен пониска од периодот пред членството, додека просечната плата е зголемена од 312 евра во 2007 година на 510 евра во 2018 година, проследено со зголемување на извозот од 75%, на 63,6 милијарди евра во 2017 година во споредба со периодот на членство во 2007 година.

Романија во овој период во европскиот буџет уплатила 13,7 милијарди евра, а од него повлекла на користење 39,8 милијарди евра, што значи дека добила нето 26 милијарди евра.

Од структурните и кохезивните фондови корист имале над 8.200 компании, постигнат е значителен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата, граѓаните уживаат во слободното движење, а младите ги користат можностите за образование во сите земји членки на ЕУ.
Анкетата направена во Романија по повод предностите и негативните страни од десетгодишното членство на земјата во ЕУ, како најголеми предности граѓаните ги истакнале можноста за наоѓање на работа во земјите членки во ЕУ, подобар пристап до пазарите, слободното патување и подобрување на регионот во кој живеат благодарение на парите од европските фондови, понатаму подобра безбедност, можност за студираат во земјите членки на ЕУ и подобрување на инфраструктурата, подобрување во владеење на правото и демократијата, како и почитување на човековите права. Како негативности, пак, кои Романците ги чувствуваат по членството во ЕУ ги истакнуваат покачувањето на цените, заминување на експертите од земјата, поголемиот увоз кој е закана за романските компании, заканата од тероризам…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×