Што договорија Груевски и Заев за ингеренциите на новите министри и заменици-министри?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Прашањето околу кое беа главните несогласувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што беше најголема пречка за постигнување договор за законот за Владата, беа ингеренциите на министрите и на замениците-министри по влегувањето на опозициската партија во Владата. Во изјавите на Никола Груевски и на Зоран Заев по вчерашната лидерска средба, беше допрена и оваа тема. И двајцата лидери сакаа да претстават дека договореното за ингеренциите на министрите и на замениците  е постигнато со помал компромис од нивна страна.

Груевски рече дека според него е клучно што„никој нема да може да биде исфрлен од работа од Министерството за внатрешни работи или сменет, а да не е тоа според закон“.

„Дури и некој ако го прекрши законот и биде сменет, новиот што ќе биде назначен,од дополнителниот заменик-министер за внатрешни ќе добие дополнителен заменик, кој ќе има право на вето, со што ќе се обезбеди контрола на кадровското работење во МВР, во смисла да не се претвори МВР во партиска испостава на една политичка партија“, рече Груевски.

Заев, пак, рече дека е прецизирано „министерот за внатрешни работи да може да разрешува, да распоредува, на исто ниво, на различно ниво, одредени раководни лица“.

„Уште еднаш потенцирам, нашата интенција не е да ги смениме сите раководители, секако таму има професионалци, бараме пред сѐ шанса да ја извршиме обврската за раководење со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за труд и социјална политика“, рече Заев.

Тој потсети и дека формулациите од  Договорот од 15 јули се дека заменикот-министер, дополнителниот заменик-министер, имаат право на вето за сите финансиски, правни и човечки ресурси, коишто се однесуваат на организација на изборите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×