Што е навистина ново кај новите „флегшипи“ на Samsung – S7 и S7 Edge?
Објавено на од во hi-tech & business

Вчера Samsung ги претстави своите нови „флегшипи“ – Galaxy S7 иS7 Edge. Впечаток е дека во отсуство на некои сериозни хардверски исчекори што би ги натерале корисниците на претходните „флегшипи“ (S6 или S6 Edge) да ги купат новите (технологијата кај смартфоните се чини го достигна својот врв, и ќе треба да почекаме до нешто што одново ќе ја револуционеризира), корејскиот производител прибегнал кон додавање опции што и претходно ги нудел на свои модели.

Така, на пример, S7 и S7 Edge се водоотпорни и отпорни на прашина (видено кај Galaxy S5, кој имаше IP67 сертификат, а новите модели имаат IP68), а кај нив е вратено и „фиокчето“ за microSD катичка (како што имаше S5, а беше испуштено кај S6).

Подобрувањето на камерата кај S „седмиците“ се вика Dual Pixel, и овозможува посветли и поостри фотографии и во услови на послабо  осветлување. Леќата е со поголем отвор на блендата и со поголеми пиксели, а камерата нуди побрзо фотографирање и попрецизно автоматско фокусирање.

Новост има и кај екраните (ја презентираше и LG кај тукушто претставениот G5 модел) – тие може да бидат постојано вклучени (Always On), односно, нема потреба да се „разбуди“ екранот за да се види колку е часот или за да се прочита порака. Дијагоналите на дисплеите се 5,1 инч кај S7 и 5,5 инчи кај S7 Edge.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×