Што филмот „Кум“ може да ве научи за водење бизнис?
Објавено на од во lifestyle

Можеби вие не сте од оние луѓе кои знаат безброј цитати напамет од домашните и странските филмови. Можеби сте дел од оние другите – кои во тоа не гледаат поента, но сепак сакаат да погледнат добар филм.

Секако, секој добро напишан и сјајно режиран филм со маестрални улоги – остава силен впечаток на нас гледачите. Но, дали некогаш сте помислиле дека во светот на „седмата уметност“ можете да најдете и добри бизнис совети?

Ја земаме за пример трилогијата од филмот „Кум“. Ова извонредно дело настана од перото на Марио Пузo кој ненадминливиот режисер Френсис Форд Копола го преточи во приказна на која милиони гледачи ширум светот често и со радост се навраќаат. Првиот дел од „Кум“ на големото платно се појави во 1972 години, но бизнис начелата кои можат да се најдат во овој филм, важат и ден денес.

Што може да научиме од овој филм?

Don_Vito_Desk
  1. Изградете силна база

„Еден ден, а тој ден можеби никогаш нема да дојде, ќе те повикам да направиш нешто за мене“ – Вито Корлеоне

Како што Дон Вито внимателно гради мрежа на сопствено влијание, слично би требало да правите и вие. На луѓето околу вас често им треба некаква помош, а тоа не е можно веднаш да го измерите, „наплатите“ или да побарате контра – услуга. Со самото тоа што ќе им помогнете и ќе направите нешто за нив, вие градите добри односи, кои, на долг рок, може да донесат квалитетен реципроцитет. Партнерствата кои ги градите со текот на времето, довербата и заедничката корист, се многу поцврсти и повредни од другите видови партнерства.

  1. Инсистирајте на одговорност

„Што е со тебе? Мислам дека ти омекнал мозокот“ – Вито Корлеоне

Сетете се, штом Дон Вито ќе покажеше слабост спрема непријателите – тие се обидуваа да го убијат. Иако бизнис опкружувањето бара многу, не значи дека последиците се така драстични како во филмот. Но сепак, за да бидете успешни во вашиот бизнис, мора да бидете фокусирани на резултатите и да инсистирате на одговорност од вашите соработници. Тоа не значи дека во бизнис нема место за сочувство и трпение, но ако имате неодговорни луѓе околу вас, на крајот тоа вам ќе ви се „одбие од глава“, оти тоа неминовно ќе влијае на вашиот вкупен резултат.

  1. Не внесувајте емоции

„Не е лично, Сони. Тоа е само бизнис“ – Мајкл Корлеоне

Кога Сантино Корлеоне реагираше импулсивно, тоа го чинеше глава. Сепак, ако не сте подготвени сериозно да се натпреварувате со другите, можеби не би требало да се занимавате со бизнис. Морате да бидете подготвени со ладна глава да ги повлекувате потезите кои понекогаш и нема да ви се допаѓаат. Добро е, и многу важно, да ја почитувате конкуренцијата, но треба да бидете и „ладнокрвен убиец“ кога ќе видете можност да се издигнете над нив, тоа да го направите. Тука нема место за его и емоции. Ако можете да ја елиминирате конкуренцијата – не ја пропуштајте таа шанса. Играте да победите, зарем не?

  1. Бидете одлучни!

Во филмот „Кум“ има шокантни моменти како убиства на членовите од семјеството. Меѓутоа, она што овде мора да се почитува е одлучноста. Немојте да се предомислувате или плашите да „пресечете“ кога тоа е неопходно, а обидете се да ги охрабрите и членовите на вашиот тим да размислуваат слично. Во бизнисот нема место за колебање, оти тоа води кон пропуштени шанси.

  1. Поминувајте време со вашата фамилија

„Дали поминуваш време со својата фамилија? Затоа што мажот кој не поминува време со семејството – никогаш не може да биде вистински маж“ – Вито Корлеоне

Ова е еден добронамерен совет. Постојаното трчање по работата и проектите, на долг рок, ќе ве исцрпи, а животот ќе ви помине така. Времето кое го вложувате во вашето семејство и пријатели, може да ви помогне да бидете поодлучни и да го задржите фокусот. Од време на време, сетете се за кој работите и кои ви се мотивите. Секако, денес е тешко да се балансира меѓу целосна посветеност на работа и семејниот живот, особено кога управувате со некоја компанија. Сепак, потрудете се преку добра организација, делегирање и користење на модерната технологија, да имате доволно време и за вашите најблиски. Ако можете, работните грижи и проблеми не ги носете дома.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×