Што извезува и увезува Македонија?
Објавено на од во COVER STORY

Cover 904 WEBСтранските инвеститори  го “билдаат”  извозот, но и увозот

Ако се анализира што најмногу извезува Македонија повеќе од очигледно е дека  странските фабрики во слободните економски зони ја менуваат структурата на извозот. На пример, дури половина од извозот на Македонија во 2016 година е направен со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките кои странските производи ги произведуваат во слободните економски зони. Но, истовремено странските фабрики многу го зголемуваат и увозот, па петте најголеми ставки на страна на македонскиот увозот лани биле суровини кои во производството ги користат најгоемите извозници од зоните и нафтените деривати. Иако во слободните економски зони се создава околу 40% од целиот извоз на Македонија, нето извозниот ефект е нешто над 250 милиони евра. Ако се знае дека овој извоз е ослободен од многу давачки и субвенциониран со милионски суми од државниот буџет, јасно е дека станува збор за извоз за кој Македонија како држава има големи расходи.

 

Ако се анализира што најмногу извезува Македонија повеќе од очигледно е дека  странските фабрики во слободните економски зони ја менуваат структурата на извозот.

На пример, дури половина од извозот на Македонија во 2016 година е направен со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките кои странските производи ги произведуваат во слободните економски зони.

Ако претходно најизвезувани производи беа нафтените деривати и челикот, сега по влезот на странските фабрики Македонија најмногу увезува автомобилски делови, односно катализатори и филтри за прочистување, спроводници за автомобили, автобуси, седишта за автомобили….

Cover 904 -02

Но, истовремено странските фабрики многу го зголемуваат и увозот.  Речиси сите суровини и репроматеријали кои ги употребуваат странските фабрики во зоните се од увоз. Веќе неколку години наназад најувезувани ставки се платината, паладиумот и други хемиски производи кои ги употребува најголемиот извозник Џонсон Мети. Анализата на увозот по производи покажува дека петте најголеми ставки на страна на увозот лани биле суровини кои во производството ги користат најгоемите извозници од зоните.

На пример, најувезуван производ во Македонија веќе неколку години не е повеќе нафтата, туку платината. Лани вредноста на увозот на платина изнесува 610 милиони евра,што е раст за 58 милиони евра за една година. Втор најувезуван производ се гасните масла во вредност од 239 милиони евра, што е за 14 милиони евра помалку од увозот на гасни масла во 2015 година.

На трето место се керамичките производи за техничка употреба кој исто така се увезуваат од странските инвеститори во зоните чиј увоз лани достигна 213 милиони евра, што зголемување за 60 милиони евра во споредба со претходната година.

Четврт најголем увоз се први со увозот на паладиум кој лани достигна вредност од 138 милиони евра, што е зголемување за 25 милиони евра за една година.

Петта најголема увозна ставка со вредност од 91 милиони евра се други хемиски производи, каде исто  така има зголемување за околу 30 милиони евра за една година.

Според податоците, во слободните економски зони се создава околу 40% од целиот извоз на Македонија. Но, ако на тоа се додадат и бројките за увозот, тогаш излегува дека нето извозниот ефект е околу 250 милиони евра.

Но, кога се прават проценките за нето извозниот ефект од слободните зони треба да е има во предвид дека овој извоз е ослободен од многу давачки и субвенциониран со милионски суми од државниот буџет, односно станува збор за извоз за кој Македонија како држава има и големи расходи.

 

Cover 904 tabela 01И понатаму извезуваме полупроизводи и суровини

Податоците покажуваат дека македонската економија лани остварила извоз од 4,32 милијарди евра, што е раст од 6,86% во споредба со извозот направен минатата година. Ова е најголем досега извоз на Македонија. Но, истовремено лани е направен и досега најголем увоз, кој надмина 6,1 милијарда долари. Трговскиот дефицит продолжува да расте, па така лани на крајот на годината достигна 1,77 милијарди евра, што е најголем трговски дефицит во последните четири години.

Зголемувањето на трговскиот дефицит само покажува дека и покрај зголемувањето на производството за извоз, вредноста на извозот од Македонија е се уште е мала, што се должи на фактот што најголем дел од македонскиот извоз отпаѓа на суровини и полупроизводи. Малку се производите кои се извезуваат од Македонија, а кои имаат повисока додадена вредност или доработка. Најголемиот дел се полупроизводи и суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, производи од железо и челик и свежо овошје и зеленчук.

На пример, во првите 10 најголеми извозни производи само автобусите што ги произведува белгиската Ван Хул и лековите на Алкалоид се единствени финализирани производи со поголема додадена вредност.  Останатите осум, вклучително и најизвезуваниот производ, катализаторите на Џонсон Мети, се полупроизводи или делови кои потоа се користат за производство на прозводи со повисока додадена вредност во некоја друга странска земја, најчесто во автомобилската индустрија на Германија.

Ако се анализира на што се должи ланскиот раст на извозот тогаш повеќе од очигледен е заклучокот е дека тој во најголем дел е резултат на зголеменото производство и извоз на странските инвеститори кои отворија фабрики во слободната економска зона Бунарџик.

На пример, извозот на хемиски произво-ди и материјали, каде влегуваат и катализато-рите на Џонсон Мети произведени во слободната зона Бунарџик, лани достигна 883 милиони евра, кој за една година е зголемен за 104 милиони евра или за 13,4% во споредба со претходната година. За седум години извозот на хемиски производи од Македонија е зголемен за 412%.

Извозот на автобуси, пак, кој се сведува на извозот на автобусите кои во Бунарџик ги произведува Ван Хол, лани достигна 163 милиони евра и за изминатата година е зголемен за 50% или за цели 50 милиони евра. За изминатите пет години извозот на автобуси од Македонија е зголемен за дури 472%.

Извозот на електрични машини и делови кој лани достигна 474 милиони евра, во кој најголем дел има производите на Дрекслмајер, изминатата година е зголемен за 82 милиони евра или за 20%. За изминатите пет години извозот на електрични машини и опрема е големен за 351%.

За разлика од нив, повеќето компании од традиционалните македонски извозни индустрии изминатата година бележат пад. На пример, извозот на железо и челик, која е меѓу клучните извозни индустрии, лани изнесувал 411 милиони евра и за една година е намален за 100 милиони евра или за 20,5 % во споредба со претходната година. Извозот на железо и челик за период од пет години е намален за близу 80%.

Извозот на млеко и млечни производи лани изнесувал само 10 милиони евра, и е намален за 20% за една година. Извозот на месо и преработки од месо лани бил 22,9 милиони евра и е на најниско ниво во изминатите осум години. Исто така пад на извозот има и кај извозот на обувки и облека.

Покрај извозот од странските зони, и извозот на овошје и зеленчук бележи континуиран раст и тој на крајот на ланската година достигна рекордни 171 милион евра, што е за 7,1 милиони евра или 4,3% повеќе од претходната 2015 година.

Лани раст има и кај извозот на пијалаци и тутун, кои се зголемени за 22,17%, односно 22,83% за минатата година.

Извозот на лекови и медицински производи лани е зголемен за 9% и достигна 69,49 милиони евра, што е највисок досега извоз.

Cover 904 brojkaСите небулози на македонскиот увоз

Иако увозот во последните неколку години расте со побавно темпо од увозот струк-турата и трендовите во увозот укажуваат дека македонската економија не успева ниту да ја подобро својата конкурентност, ниту, пак, да ја намали својата зависност преку задоволување на потребите од до-машно производство. Напротив, трендовите во увозот покажуваат дека во Македонија станува многу поевтино буквално се да се увезува, отколку тоа да се произведе дома.

И покрај стотиците милиони евра дадени како субвенции во земјоделието, увозот на храна континуирано расте. Со овие суб-венции расте единствено извозот на свеж зеленчук и овошје, додека производство на прехранбени производи кои ќе го супституираат увозот на храна, се чини опаѓа, бидејќи станува се поскапо храната да се произведува, отколку да се увезува.

На крајот на 2016 година увозот на храна достигна 554 милиони евра, што е рекордно највисок увоз на храна досега. Во споредба со 2010 година увозот на храна е зголемен за 32%, или за 133 милиони евра.

Расте увозот на млеко и млечни производи, на овошје и зеленчук, на шеќер и прера-ботки од шеќер, увозот на пијалаци…

Македонија лани само за увоз а пилешко месо потрошила 43 милиони евра, а вкуп-ниот увоз на месо и месни преработки лани достигна 118 милиони евра. За увоз на млеко, млечни производи и јајца лани Македонија потрошила 47,88 милиони евра, што е историски највисок увоз.

Дури 83 милиони евра е увозот на овошје и зеленчук кој се увезуваат од странство, што е исто така највисок досега увоз, а увозот на кафе, чај и зачини лани надмина 70 милиони евра.

За увоз на шеќер и преработки шеќер 44 милиони евра, а увозот на риба и преработки од риба лани изнесувал 18,7 милиони евра.

Она што е алармантно е што на листата на увезени производи се поголем е бројот, а и вредноста на производи кои се произведуваат во Македонија, а кои сепак се увезуваат и стигаат на маке-донскиот пазар со пониска цена. Па така со годините кај одредени земјоделски про-изводи и култури има тренд на постојано намалување на производството бидејќи многу е поевтино тие да се увезат отколку да се произведат.

Cover 904 -01

А податоците покажуваат дека само до пред десетина години дури 70% од по-требите за храна се задоволувале од домашно производство. Над половина од потребите за шеќер и за масло за јадење во Македонија се задоволувале со домашна шеќерна репка и сончоглед. Денес имаме само незначителни површини насадени со овие две индустриски култури, а покрај нив од македонските ниви ги снема и памукот и маслодајната репка. Битолската шеќерана наместо да преработува и произведува шеќер се преориентира на увоз, додека производители на масло се принудени да увезуваат скапа суровина или полупреработено масло.

Точно е дека Македонија е увозно зависна држава и за да може економијата нор-мално да функционира и е неопходен увоз на разно разни суровини, материјали, опрема и технологија која никогаш не се произведувала, ниту во догледно време ќе се произведува во Македонија. Но, кога на листата на производи од увоз се јавуваат и производи кои без поголеми инвестиции или технологии можат да се произведуваат и во Македонија, тогаш се наметнува прашањето зошто тоа не се прави.

Многупати досега многу бизнисмени и економски експерти го имаат досега јавно поставувано прашањето зошто во Македонија е многу евтино да се увезе буквално се и сешто, и тоа што ни треба и тоа што не ни треба, а наспроти тоа извозот на македонски производи во странство се зголемува многу бавно и многу тешко.

Дали увозничкото лоби е многу силно во Македонија па успева да наметне економски политики и мерки кои го фаво-ризираат увозот? Дали девизниот курс на денарот го поевтинува увозот, а го пос-капува извозот? Дали и зошто и покрај стотиците милиони евра субвенции за земјоделците расте единствено извозот на свеж зеленчук и овошје, а не и домашното производство на прехранбени производи кои ќе го супституираат увозот? Ова се прашања кои со години остануваат без одговор во Македонија и секое повикување тие да се ревидираат или постават со цел да го намалат увозот наидуваат на омаловажување и дискредитирање од страна на власта дека се во корист само на одреден број луѓе или компании. А вистината е дека ако Македонија произведува повеќе земјоделски и прехранбени производи, ќе може да покрие поголем дел од домашната потрошувачка, и ќе се намали одливот на девизи кои по основ на увоз се прават секоја година.

 


Cover 904 tabela 02Увезуваме сè и сешто

Капитал анализираше што сe Македонија увезува и заклучокот е дека навистина увезуваме се и сешто, Човечка коса, перики, лажни трепки и бради, лисја и гранки, мов и лишај, црева и желудници од животни, рогови, сперма на бикови, гаќи, флипери, кибрити, свеќи се само дел од чудните производи кои се увезуваат во Македонија и за кои се плаќаат тешко заработени милионски износи на девизи.

Стотици илјади евра плаќаме за увоз на кибрити и свеќи, за стаклени и хартиени амбалажи за кои не е потребна никаква посебна технологија за да се произведуваат и дома.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×