Што ќе донесе четвртата индустриска револуција?
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

industrial-1Светот се менува

Глобално истражување на PricewaterhouseCoоpers (PwC): компаниите очекуваат дека четвртата индустриска револуција ќе доведе до значајни бенефити во поглед на намалување на трошоци, ефективност и профит; повеќе од половината предвидуваат поврат на вложувањата во рок од две години; потребата за ИТ експерти и сигурност на податоците се најголеми предизвици.

 

Индустриските компании од сите сектори ширум светот ќе имаат многу работа кога е во прашање четвртата индустриска револуција (Industry 4.0). Спроведувањето на тој проект е во полн замав во целиот свет: отприлика третина од компаниите веќе ја оценуваат својата дигитализираност како висока, а се очекува таа бројка во просек да порасне од 33% на 72% во следните пет години. Лидерите помеѓу индустриските претпријатија ги дигитализираат темелните функции во своите интерни вертикални синџири на вредности, но и со своите хоризонтални партнери во снабдувачкиот синџир. Со тоа го подобруваат своето портфолио на производи со дигитални функции и воведување на иновативни услуги што се темелат на податоци.

Компаниите од цел свет планираат на годишно ниво да вложат отприлика 5% од своите приходи од дигиталната продажба во дигитализација. Судејќи по испитаните економски сектори, 5% од приходите од дигиталната продажба е еднакво на инвестиции од 907 милијарди долари. Голем дел од тие вложувања ќе бидат насочени во дигитални технологии, како што се сензори или уреди за поврзување, потоа во софтвери и апликации. Компаниите вложуваат и во оспособување на вработените и ги поттикнуваат потребните организациски промени. Повеќе од половина од тие компании (55%) се претпоставува дека ќе го амортизираат тој трошок во рок од две годни. Тоа се резултатите од глобалното истражување на PwC, Industry 4.0: Building the digital experience кое е спроведено кај повеќе од 2.000 компании од девет економски сектори во 26 земји.

Испитаните менаџери процениле дека во текот на дигитализирањето. Трошоците ќе се намалуваат во просек по 3,6% годишно, а приходите ќе се зголемуваат во просек по 2,9%. Во апсолутни вредности, станува збор за 421 милијарди долари заштеда на трошоци и зголемување на приходите за 493 милијарди долари.

„Компаниите очекуваат дека дигитализацијата ќе донесе огромни бенефити и поради тоа инвестираат големи износи. Нашето истражување покажа дека тој премин се случува во сите испитани земји во еднаква мера, а не само во индустријализираните земји“, изјави Reinhard Geissbauer, партнер во Strategy& што е дел од мрежата на PwC во Германија, одговорен за услуги поврзани со четвртата индустриска револуција.

„Дури и да се оствари само половина од очекувањата кои се однесуваат на четвртата индустриска револуција, тоа во следните пет години темелно ќе го промени конкурентското окружување“, вели тој.

По завршувањето на трансформацијата, успешните индустриски компании ќе станат вистински дигитални претпријатија во чија срж се физички производи унапредени на дигитален начин и иновативни услуги што ќе се темелат на податоци. Тие дигитални компании ќе соработуваат заедно со купувачите и добавувачите во индустриски дигитални екосистеми.

Аналитика на податоци – двигател на четвртата индустриска револуција

Повеќе од 80% од компаниите очекуваат во следните пет години аналитиката на податоците ќе имаат големо влијание на нивните постапки на донесување на одлуки.

„Професионалната обработка на податоци овозможува целосен увид во употребата на производите и долгорочни односи со купувачите“, изјави Jesper Vedso, партнер во PwC во Данска и главен глобален експерт за четвртата индустриска револуција во секторот индустриски производи.

„Аналитиката на податоците овозможува понатамошен развој на производите, а на компаниите им овозможува додавање на услуги и понуда кои совршено се прилагодени на потребите на нивните клиенти.

Industrial-2Недостаток на стручност: пречка на патот до четвртата индустриска револуција

Анкетираните компании сметаат дека проблем во спроведувањето на четвртата индустриска револуција не е толку купувањето на потребната технологија колку што е недостатокот на интерна дигитална култура, визија и оспособување, како и недостиг на експерти во областа. На пример, 40% од испитаните компании се потпираат на аналитичка стручност на поединечни вработени, но немаат специјализирани оддели за аналитика на податоците.

„Разумно е да се изгради во претпријатието одредена стручност во областа на аналитика на податоците и дигитализирањето. За успешно спроведување на стратегијата на четвртата индустриска револуција не е доволно собирањето и проценката на податоците да се препушта на поединечни експерти“, изјави Reinhard Geissbauer.

„За да би можеле да ги искористат тие податоци за донесување на одлуки, компаниите треба да имаат збирки на податоци, алгоритми и препораки за практични активности кои што ги подготвиле експертите“, изјави тој.

Во истражувањето се наведуваат и други предуслови за успешна дигитализација со осигурување на безбедноста на податоците.

„Дигиталните екосистеми може да функционираат само ако сите чинители можат да сметаат на тоа дека нивните податоци нема да завршат во погрешни раце. За тоа се потребни значајни напори на компаниите, големи вложувања во безбедност и јасни стандарди за заштита на податоците“, изјави Geissbauer.

Дигитализацијата има хоризонтален и вертикален учинок на синџирот на вредности. Тоа значи дека компаниите од една страна мораат подобро да ги интегрираат своите процеси и вертикално да го дигитализираат својот тек на податоци од развојот на производи, преку набавка па се до производство и транспортна логистика. Тоа од друга страна подразбира вмрежување со клучните добавувачи, купувачи и други партнери во синџирот на вредности, на пример решенија за следење на текот на производите. Се тоа значи дека компаниите мора да создадат сложени дигитални решенија.

Освен тоа, претпријатијата развиваат нови производи и услуги со дигитално значење кои се провлекуваат низ целиот животен циклус на производи и со тоа овозможуваат близок контакт со крајните потрошувачи. Со тоа, вложуваат и во дигитални услуги и создаваат потполни решенија за релевантни екосистем на своите купувачи и тоа многу често во соработка со партнерите во синџирот на вредности.

Целите на дигитализацијата се разликуваат во одделни земји

Иако претпријатијата ширум светот продолжуваат со четвртата индустриска револуција, истражувањето укажува на регионализација на нивните цели: корпоративните групи во Јапонија и Германија најмногу ја употребуваат дигитализацијата за зголемување на својата ефективност квалитетот на производите. Во САД, постои тренд на развој на нови бизнис модели со помош на дигитална понуда на услуги, како и дигитално нудење на тие производи и услуги што е можно побрзо. Производствените компании во Кина фокусирани се јакнење на позицијата во однос на меѓународните конкуренти преку намалување на трошоците.

„Нашето истражување покажува дека поголем дел од регионот во рок од пет години ќе биде на исто ниво на дигитална интеграција иако некои земји како што се Јапонија, Германија и САД, сепак предничат во тоа. Наместо да го подели регионот, очекуваме дека четвртата индустриска револуција посилно ќе ги поврзе компаниите и земјите па со тоа дури и да ја забрза глобализацијата“, изјави Vedso.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×