Што ќе значи Брегзит без договор за македонската економија?
Објавено на од во Економија
Обединетото Кралство трет најголем трговски партнер на Македонија
Bregzit
Брегзит без договор со Европската Унија ќе го направи Обединетото Кралство да биде „трета земја“ кон Македонија, а тоа практично значи дека извозот и увозот на стоки меѓу двете земји ќе подлежи на плаќање на царина. Со тоа дополнително ќе се обремени трговската размена меѓу двете земји која минатата година надмина 660 милиони евра со што Обединетото Кралство стана трет најголем трговски партнер на Македонија. Засега, без оглед што Македонија не е членка на ЕУ, економските односи со Обединетото Кралство се регулирани преку Спогодбата за асоцијација и стабилизација што практично овозможува бесцаринска размена на стоки. Директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски, вели дека Обединетото Кралство ќе мора да ги регулира трговските односи со останатите земји преку нови договори за слободна трговија, вклучувајќи ја и Македонија, а двете земји веќе формирале работна група што работи на првична верзија на таков договор. Менаџерите на компаниите што имаат трговска размена со Обединетото Кралство, исто така коментираат дека воведувањето на царини и варирањето на вредноста на фунтата се најголемите ризици за трговската размена.
Брегзит без договор со Европската Унија ќе го направи Обединетото Кралство да биде „трета земја“ кон Македонија, а тоа практично значи дека извозот и увозот на стоки меѓу двете земји ќе подлежи на плаќање на царина. Со тоа дополнително ќе се обремени трговската размена меѓу двете земји која минатата година надмина 660 милиони евра со што Обединетото Кралство стана трет најголем трговски партнер на Македонија.
Tanasoski-WEB-955-1024x1024

Ѓоко Танасоски, Директор на Царинската Управа

Директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски, вели дека Обединетото Кралство ќе мора да ги регулира трговските односи со останатите земји преку нови договори за слободна трговија, вклучувајќи ја и Македонија. Засега, без оглед што Македонија не е членка на ЕУ, економските односи со Обединетото Кралство се регулирани преку Спогодбата за асоцијација и стабилизација.
„Доколку Обединетото Кралство ја напушти ЕУ на 29 март како што е предвидено, тоа значи дека ние ќе мора многу брзо да ги регулираме трговските односи, бидејќи по 29 март, нема да важат сегашните преференцијални царински стапки опфатени со Спогодбата за асоцијација и стабилизација. Ние се надеваме и навиваме за таканаречениот мек Брегзит, односно транзициски период од две години во кој трговијата ќе продолжи да се одвива без царини како и досега. Но секако се подготвуваме и за другото понеповолно сценарио, односно веќе е формирана работна група од пред неколку месеци која работи на форма на нов договор за слободна трговија меѓу двете земји, со цел компаниите што извезуваат или увезуваат од Обединетото Кралство не бидат оптоварени со дополнителни трошоци“, вели директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски.
Менаџерите на компаниите што имаат трговска размена со Обединетото Кралство, исто така коментираат дека воведувањето на царини и варирањето на вредноста на фунтата се најголемите ризици за трговската размена.
Еден од сопствениците и управител на компанијата Комфи Ангел која што има британски капитал и извезува во Обединетото Кралство, Ирена Јакимовска, вели дека дури и да се воведат царини за извоз или увоз од Обединетото Кралство, истите тарифи би важеле и за сите други европски земји така што таа не очекува тоа да ја намали конкурентноста на нивните производи.
jAKIMOSKA

Ирена Јакимовска, управител на Комфи Ангел

„Македонија не би била исклучок, така што воведувањето на царини за увоз или извоз би важеле и за сите други европски земји, што значи дека нашите производи во таков случај не би биле помалку конкурентни. Во таков случај повеќе оптоварен би бил крајниот потрошувач односно животниот стандард на Британците. Се надевам дека евентуалното воведување на царини би било во рамките на Светската трговска организација за да не ги оптоварат премногу македонските производи што се извезуваат на британскиот пазар. Постои одреден ризик во однос на евентуален пад на вредноста на фунтата што веќе еднаш се случи откако почна Брегзит процесот но како компанија веќе се заштитивме од идни промени на вредноста на британската валута“, вели Јакимовска.
Според неа, додека се уште во игра се неколку сценарија за Брегзит меѓу кои и договарање на транзициски период од две години, не се чувствува неизвесност и нема намалување на нарачките од Обединетото Кралство.
„Дури и спротивно на тоа, оваа година бележиме и зголемување на нарачките од оваа земја, и не предвидуваме какво било намалување на извозот во Обединетото Кралство. Главните ризици беа дека ќе се намали економската стабилност на Обединетото Кралство и потрошувачката моќ на Британците, па оттука и стравувањата дека можеби ќе има намалување на продажбите на овој пазар, но еве по две и пол години по референдумот, тие ризици не се остварија. Напротив, Обединетото Кралство остана високо потрошувачко општество и пазарот дополнително се зголемува“, вели Јакимовска чија компанија четвртина од производството го пласира на британскиот пазар.
Македонија е нето увозник од Обединетото Кралство, од каде што најмногу се набавува платина и паладиум за производството на најголемата компанија во земјава, Џонсон Мети. Според податоците од Државниот завод за статистика, Македонија од Обединетото Кралство најмногу увезува платина во вредност од 562,2 милиони евра; благородни метали во колоидна состојба во вредност од 31,7 милиони евра; текстилни ткаенини за сума од околу 9,2 милиони евра; патнички автомобили и други превозни средства за 6,3 милиони евра; и котли, машини и механички уреди во вредност од 6,2 милиони евра.
Што се однесува до извозот, од македонските производи што се продаваат на британскиот пазар најмногу се застапени седишта во вредност од 24,7 милиони евра; облека во вредност од 12,4 милиони евра; забрзувачи на реакција и катализатори за сума од 10,9 милиони евра; остатоци што содржат метали со извоз од 9,3 милиони евра; и костуми, јакни и сакоа во вредност од 8,7 милиони евра.
Велика Британија и по Брегзит ќе остане силен поддржувач
Брегзитот нема суштински да влијае во понатамошните политички односи помеѓу двете земји, но С. Македонија ќе изгуби силен поддржувач за нејзиното приклучување во Европската Унија по напуштањето на Обединетото Кралство на европското семејство, оценува поранешниот амбасадор на Македонија во Лондон, професорот Ѓорги Спасов. И надвор од Унијата, Обединетото Кралство ќе го задржи своето влијание, а одржувањето на позитивна надворешна политика за Македонија може да биде само предност.
„Бидејќи земјава и досега не беше член на ЕУ, нашите односи со Велика Британија беа уредувани врз основа на договори, на закони кои ги уредуваат односите помеѓу две земји кои не се членки на Унијата, според тоа и трговската размена и царинските давачки и практично сето она што претставува безбедносни релации помеѓу Велика Британија и Македонија ќе останат потполно исти. Велика Британија и понатаму ќе остане голем поддржувач на Македонија за нашето членство во НАТО. Велика Британија е голема земја којашто всушност и понатаму ќе ја гради позицијата на мост помеѓу САД и Европската Унија. Велика Британија има големо влијание и како главен координатор на земјите од Комонвелт – Канада, Индија и другите држави и поради тоа сметам дека за Македонија од големо значење ќе биде да ги развива и понатаму трговските односи, економските и политичките односи“, изјави Спасов.
Според него, патот на Обединетото Кралство за излез од Унијата се покажал како комплициран процес кој ќе ги чини и двете страни, а најверојатно и ќе ги натера останатите членки добро да размислат пред да ги прашаат граѓаните за вакво решение. Отстапките што ги прави сега премиерката Тереза Меј, како што вели Спасов, се со цел штетите да се сведат на минимум, од една страна, и да се испочитува референдумската одлука на граѓаните за излез од ЕУ, од друга страна.
А заштитата на интересите на Унијата, но и на иднината на заедничките односи со Велика Британија е клучната цел на преговарачкиот процес. Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, по неуспехот на планот за повлекување, истакна дека е против какво било решение кое ќе значи Велика Британија да ја напушти Унијата без договор.
„Кога ќе го споменам овој иден однос, не зборувам само за економските, трговските размени и размените што се многу важни за раст и вработувања. Исто така, зборувам за секторска соработка и вашите комитети ги следат случувањата одблизу: истражувањето, рибарството – важен сектор, авијацијата, транспортот и многу други области. Зборувам и за полициската и судската соработка, кои ќе ни бидат потребни по Брегзит. И најмногу, секако, зборувам за стабилноста на нашиот континент, безбедноста. Обединетото Кралство, голема земја, членка на Советот за безбедност на ОН, е сојузник и пријател и долгорочно ќе остане наш партнер во надворешната политика, во развојот и соработката и во сите сфери на одбраната“, изјави Мишел Барние, главен преговарач на ЕУ за Брегзит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×