Што ќе значи јуни за европската агенда?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Датумот за преговори заглавен помеѓу домашната и европската непринципиелност.
northmacedonia_pinakides1-1200x800Колку Македонија има одговорено на европските барања за реформи во клучните области е прашање на дебата и на различни толкувања и во домашната политичка јавност и помеѓу земјите – членки на ЕУ. Франција и Холандија важат за двете земји коишто имаат резервиран став околу почетокот на преговори на Македонија со ЕУ, но и кон проширувањето како процес воопшто. Дома пак, (не)добивањето на датум продолжува да се користи во меѓупартиски битки.
Ќе има ли кончено датум за преговори со Европската Унија во јуни? Врз ова прашање се кршеа копја во кампањата за претседателските избори, а истото продолжува да биде една од главните теми на расправа помеѓу власта и опозицијата.
На состанокот на Советот на министри на ЕУ, лани во Луксембург, Брисел испрати порака дека Македонија добива условен датум за преговори. Датумот е токму овој јуни, 2019, а условот всушност не е еден, туку се четири – реформи во јавната администрација, реформи во правосудството и разузнавачките служби и резултати во борбата против корупцијата и криминалот на високо ниво.
Колку Македонија има одговорено на европските барања за реформи во овие полиња е прашање на дебата и на различни толкувања. Разликите во оценките за тоа колку е земјава подготвена за почеток на преговори не се присутни само во домашната политичка јавност, туку и помеѓу земјите – членки на ЕУ, што во суштина претставува и клучниот проблем околу постоењето на можноста датум повторно да нема. Франција и Холандија важат за двете земји коишто имаат резервиран став околу почетокот на преговори на Македонија со ЕУ, но и кон проширувањето како процес воопшто.
Целата анализа ќе можете да ја прочитате во најновиот број на Капитал

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×