Што ќе значи спојувањето на AB InBev и SABMiller
Објавено на од во Компании
Спојувањето на двата најголеми светски производители на пиво, Anheuser-Busch InBev NV и SABMiller PLC, ќе ја прекрои мапата на глобалната пивска индустрија и најверојатно ќе донесе повисоки цени на пивото за потрошувачите во цел свет, пишува Wall Street Journal.

Понудата на AB InBev за преземање на SABMiller вредна 104 милијарди долари е четврта најголема во корпоративната историја,  и најголема годинава, според Dealogic.

Спогодбата би му донела на АB InBev доминантно присуство на речиси сите поголеми пазари во светот и околу 30% пазарен удел на глобално ниво, што е речиси три пати повеќе од најголемиот ривал, Heineken, според истражувачите на пивскиот пазар, Plato Logic.

Зделката, која што начелно е прифатена од SABMiller, чека одобрување од регулаторите и најверојатно ќе подразбира дека мега компанијата ќе треба да ги продаде своите операции во САД, а можеби и во Кина. Но, и покрај тоа, најголемиот светски производител би имал водечки позиции на пазарите во САД (46%), Мексико (57%), Африка (33%), Бразил (63%) и остатокот од Латинска Америка (62%), според Plato Logic.

AB–SABMiller-Merger-Featured-Image
Шест од 10-те  најпродавани пива ќе бидат на новата мега компанија

Компанијата ќе ги поседува шест од 10-те најпродавани светски брендови, вклучувајќи ги:Bud Light (бр.3), Budweiser (бр.4), Skol (бр.5), Harbin (бр.8) и Brahma (бр.9) на AB InBev  и Snow, кинеското пиво што е најпродавано во светот, а e дел од брендовите на SABMiller.

Преземањето, исто така значи, дека најпознатото пиво од Чешка, Pilsner Urquell  и италијанскиот бренд Peroni ќе бидат додадени во бренд портфолиото на AB InBev. Овие пива ќе им се придружат на Budweiser, Corona и Stella Artois, кои што ABInBev сака да ги пробие во сите краишта од светот, често по повисоки цени одошто на домашните пазари.

AB InBev има историја на користење аквизиции за да ја зголеми профитабилноста преку кратење трошоци и насочување на потрошувачите кон поскапите пива.  WSJ вели дека откако AB InBev купила неколку регионални пивари во Кина, ги елиминирала локалните пива и потоа ги пренасочила потрошувачите кон Budweiser, кое што е три пати поскапо пиво од кинеските, и кон сопственото кинеско, но во повисок ценовен сегмент пиво, Harbin.

Стратегијата на AB In Bev: аквизиции и насочување на потрошувачите кон поскапите пива

Стратегијата на AB InBev да ги насочува сите кон поскапите пива досега се покажа ефективна, па така, во моментов повеќе Budweiser се пие надвор од САД.

Со купувањето на SABMiller, AB InBev се обидува да реши некои од своите најгорливи проблеми. После години на аквизиции, компанијата се најде заглавена на пазари со бавен раст или намалување на потрошувачката на пиво. Во САД и Бразил, кои што консумираат половина од вкупните продажби на AB InBev, потрошувачката на пиво падна за 3,9% во првата половина од годинава. Аналитичарите не очекуваат овие трендови да се сменат. Потрошувачката на пиво на развиените пазари толку се забави, што целиот светски пазар се очекува да падне за 0,1% годинава,  за прв пат по 30 години, според Plato Logic.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×