Што лидерите можат да научат од нарцисите, манипулаторите и психопатите?
Објавено на од во луѓе и компании
Иако звучи неверојатно, светските истражувања покажуваат дека постојат одредени карактеристики кои ги поседуваат нарцисите, манипулаторите и психопатите кои, употребени во вистинско време, на вистинско место, и секако во вистинска доза, можат да ве направат одличен лидер

 

Понекогаш, научните истражувања не учат на нешта што ние не сакаме да ги знаеме или признаеме. Тоа се случи кога психолозите ги проучуваа  кадетите од воената академија Вест Поинт, студија  што покажа кои се личните квалитети кои, доколку ги поседувате, најверојатно се предиспозиции за успех. Доволно зачудувачки, одговорот под број еден е нарцизам.

„Беше зачудувачки“, вели Сет Спејн, асистент професор за организациско однесување на Бингамтон Универзитетот за менаџмент за oнлајн магазинот Inc.com. Кадетите беа набљудувани од многу различни аспекти за лидерство, преку нивните надредени и преку тие што одговараа пред нив, објаснува тој. „Нарцисите имаат бенефит од сите нив“, вели тој. „Тоа беше единствената карактеристика што кај сите носеше позитивен ефект“.
Заинтригирани (и можеби по малку исплашени) истражувачите одлучија да истражуваат повеќе, за тоа како “нељубезните“  лични карактеристики, може да донесат до добар професионален успех. Така,  тимот воден од Спејн спроведе исцрпна анализа на повеќе од 140 студии и ги објави резултатите во нов извештај, наречен “Темната страна на личните карактеристики на работа“. Овој извештај препознава три вида на лични карактеристики, наречени „Темна тријада“, карактеристики кои ги поседуваат личностите, а кои се гледаат како карактеристики кои им гарантираат успех. Барем некое време.
Од Јулиј Цезар до Берни Мадоф, или  Кевин Спејси преку ликот што го толкува во веќе култната серија “House of cards“, лицата што премногу поседуваат карактеристики на „Темната тријада“ на крајот можеби  ќе почнат да жалат за своите постапки. „Во најголем број примери, овие тријади се поврзани со кариерата во одреден период“, вели Спејн. „Освен ако имате одлични вештини, со тек на време, со ваквите карактеристики,  ќе ги оддалечите од вас вашите соработници, вработени и купувачи“.

Во меѓувреме, тие од нас пак, кои не ги поседуваат овие карактеристики познати како „Темната тријада“, може од нив да имаат корист  само доколку научат да ги препознаваат истите. Ние може да набљудуваме како овие карактеристики наречени  им помага на овие луѓе да работат, и потоа од тие квалитети да земеме по малку- толку доволно , со цел во правите моменти да направиме разлика.

 

Narcis managerНарцисите инспирираат со ентузијазам

Помислете на Наполеон и Стив Џобс. Нарцисите можат да достигнат одлични нешта, најчесто на тој начин што своите потреби и желби ги ставаат пред сe’ и пред секого. Тие исто така прават сe’ што можат, за да ја исполнат својата цел. Многу важно, тие се одлични да ги привлечат и другите во тоа.

„Нарцисите се одлични при презентирање на самите себе и на нивните идеи, и тие се неверојатни ентузијасти за работите кои се од големо значење за нив. Тие најчесто велат ’Ова е возбудливо!  Ова звучи како одлична можност’“, вели Спејн.

Една дефиниција за лидерство вели дека тоа е можноста да ја артикулирате вашата цел или идеја,  јасно, и да ги придобиете и другите да ве следат, вели тој, и токму малку нарцисоидност може да ви помогне да го постигнете тоа.  Затоа, тој советува, „Однесувањето како нарцис најчесто звучи: „Јас сум одличен и ова е најдобрата идеја што вие ќе ја слушнете“.

 

Манипулаторите знаат како да влијаат на другите

Мастер манипулаторите знаат кои сe’ копчиња треба да се притиснат, со цел да ги свртат луѓето околу себе да го прават тоа што тие го сакаат, вели Спејн. Постојат многу начини да влијаете на другите, вклучувајќи форми на пофалби и ласкање, формирање на политички сојузништва со другите, па дури и употреба  на закани.

Поголемиот дел од нас употребуваат само една или две од овие тактики,  и најчесто тоа се несоодветни и неуспешни обиди. Може да се чувствуваме смешно, но факт е дека со манипулирање на луѓето, за да дојдете до целта, и тие ќе имаат бенефит како и вие, а тоа е всушност основата на добро лидерство. Затоа ние треба да сакаме- при преговарања со другите- да употребиме колку што е можно повеќе тактики за да влијаеме на другите, со цел резултатот што го сакаме да го постигнеме.

 

Furious BusinessmanПсихопатите не се вртат назад

Само момент. Нашите најуспешни лидери се психопати? Не, не, не!, вели Спејн. Тој објаснува дека тоа што многу луѓе го сметаат за „психопат“ не е ниту блиску до она што се смета за психопат во организационата психологија. Клиничките анализи на психопатите покажуваат дека тие само имаат желба да се стават себе си на прво место, без речиси грам срам или каење кога ќе направат нешто лошо. Тоа е најтемната страна на „Темната тријада“, вели Спејн. Но, нотира тој, „тие се опоравуваат многу брзо по падот“. Како резултат, тие сакаат да прават грешки и да ризикуваат.

Тоа се квалитети кои лидерите можат да ги искористат. „Ние може да научиме многу од психопатите“, вели тој. Недостатокот на срам и вина присутен кај нив најчесто се гледа како лоша карактеристика во социјалните релации, така што не треба да ги копираме. Но од друга страна „секој може да има бенефит доколку научи да каже „направив грешка, ја прифаќам и продолжувам напред“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×