Што може да очекуваат Европа и светот од Трамп?
Објавено на од во Профил

483208412-real-estate-tycoon-donald-trump-flashes-the-thumbs-up.jpg.CROP.promo-xlarge2Инаугурација на новиот американски претседател

Откако по изборната победа ги ублажи своите ставови од кампањата што предизвикуваа најголема загриженост на различни американски и светски адреси, американскиот претседател кој денеска ќе биде инаугуриран, со последното интервју за Билд и Тајмс одново силно ги разбранува духовите, а непредвидливоста на неговото шефување од Белата куќа ја зголемија и изјавите на потенцијалните членови на неговиот кабинет, кои отфрлија некои од клучните пораки на Трамп од кампањата

 

Силна вербална шлаканица за Германија, така Дојче Веле го сумираше интервјуто за Билд и Тајмс на американскиот претседател Доналд Трамп, чија инаугурација е денеска. Единственото позитивно нешто што за Германија, визирајќи ја како доминантна во Европа, го кажува Трамп во споменатото интервју, е дека секогаш имал „голема почит“ кон германската канцеларка Ангела Меркел. Така, новиот претседател на САД, вели дека политиката на „отворени врати“ на Меркел е „катастрофална грешка“.

„Наместо да ги пушти сите тие бегалци во земјата, Германија требаше повеќе да се ангажира околу безбедносната зона околу Сирија“, изјави Трамп.

Од ова негово интервју за европски медиуми, светските аналитичари извлекоа доста претпоставки за тоа што може да се очекува од новиот шеф на најмоќната светска држава.

Трамп, на делот за „катастрофалната грешка“ со бегалците, се надоврза со излегувањето на Велика Британија од Европската унија, за што смета дека е мотивирано од германската политика кон бегалците.

„Да не беа присилени да ги примат сите овие бегалци – толку многу, со сите проблеми што тоа ги носи со себе – немаше да дојде до Брегзит“, вели Трамп.

„Луѓето и земјите сакаат свој сопствен идентитет. Велика Британија сакаше свој сопствен идентитет. Луѓето не сакаат други луѓе да им доаѓаат во земјата и да ја уриваат“.

Новиот американски претседател повторно негативно ја спомена Германија и кога оцени дека Брегзитот на крајот ќе се покаже како „величествено нешто“ за Велика Британија.

„Погледнете ја ЕУ – таа е Германија. Во основа, ЕУ е средство за постигнување на германската цел. Поради тоа сметам дека беше паметно од Велика Британија што излезе“, изјави Трамп, и дополни дека очекува и други ЕУ-членки да го следат примерот на островската држава.

Негова оценка е и дека ЕУ делумно е основана за да ги победи САД во меѓународната трговија, и оти од оваа позиција за Америка е сеедно дали ЕУ е единствена или поделена.

Германија, поточно, германскиот производител на авотмобили, БМВ, беше споменат во интервјуто со закана дека (по Форд и Тојота), може да добие санкции, ако наместо во САД, произведува во соседно Мексико.

„На БМВ би му рекол дека ако изгради фабрика во Мексико, а во САД сака да продава без да плати 35% данок, тогаш тоа може да го заборави“, рече Трамп, дополнувајќи дека поентата на кажаното е фабриката да биде отворена во САД.

Новиот американски претседател не заборави да потсети и на своите ставови за НАТО.

„Прво, овој сојуз е застарена организација, формирана пред многу, многу години, а второ – земјите-членки не го плаќаат она што би морале да го плаќаат“, рече Трамп, пред застареноста на НАТО да ја доведе во врска со недоволна грижа на Алијансата во борбата со тероризмот.

Меркел: Протекционистичките тенденции – ризик за германската економија

Во својот одговор германската канцеларка Ангела Меркел предупреди од ризиците од протекционизмот, имајќи го предвид не само споменатото интервју со Трамп, туку и тоа што новиот американски претседател критиката на глобализацијата ја претвори во една од главните теми на својата предизборна кампања. Тој вети дека ќе ги прекине или ќе изврши ревизија на некои трговски договори.

Меркел рече дека „протекционистичките тенденции“ се еден од главните ризици за германската економија која е силно зависна од извозот.

Интервјуто на Трамп испоровоцира реакција и од шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој оцени дека изјавата на американскиот претседател оти НАТО е „застарена организација“ предизвикала „загриженост“ во Алијансата, а веројатно повеќе мислеше на Европа.

„Тоа е противречно со она што го кажа американскиот министер за одбрана за време на сослушувањето во Вашингтон пред само неколку дена. И треба да видиме какви ќе бидат последиците за американската политика“, изјави Штајнмаер.

Министерот, пак, за финансии на Германија, Волфганг Шојбле, соопшти дека неговата земја може да ги намали корпоративните даноци како одговор на очекуваните дејства во овој правец на САД и на Велика Британија.

Тој во интервју за Волстрит Журнал изјави дека најголемата економија во Европа треба да го поедностави даночниот систем за компаниите, за да остане конкурентна на глобално ниво.

Противречни пораки на номинираните за кабинетот на Трамп

Сослушувањето, пак, на предложениот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, во Сенатот, предизвика вжештување на односите на Америка со Кина. Тој ги изедначи кинеските активности во Јужнокинеското море со руската окупација на Крим.

Но, во сослушувањето на потенцијалните членови на кабинетот на Трамп, забележливо беше отфрлањето на некои од неговите клучни пораки од кампањата за претседателските избори.

Ѕидот што Трамп го најави како заштита од нелегалните мексикански мигранти, беше наречен недоволна мерка од номинираниот за секретар за внатрешна безбедност, Џон Кели. Тој изјави и дека е против политиката за масовно собирање податоци од американските граѓани или од специфични етнички или религиски групи.

„Не ја поддржувам идејата дека на муслиманите треба да им се оневозможи пристапот до САД“, изјави номинираниот за министер за правда Џеф Сешнс, а на иста позиција е и Тилерсон.

Номинираниот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис, за НАТО изјави, наспроти Трамп, дека е „можеби најуспешниот воен сојуз во историјата“, и ја потврди својата поддршка за Алијансата.

Матис остро се зазема и за мерки против Русија, зашто рускиот претседател Владимир Путин се обидувал да го урне НАТО, поради што САД треба да преземат „чекори, интегрирани дејства; дипломатски, економски, воени и сојузнички, за да се заштитиме таму каде што е неопходно“.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×