Што може да се очекува од САД под водство на Доналд Трамп?
Објавено на од во COVER STORY

trump-pic WEBТрамп го потресе светот – се очекуваат промени во политиката и економијата

Победата на Трамп за многу аналитичари низ светот предизвика шок, кој според нив ќе донесе голема неизвесност во геополитиката и во глобалната економија. Она што ја намалува неизвесноста е фактот дека претседателот Трамп по победата звучи поинаку од кандидатот Трамп, и тоа што веќе во првите денови имаше отстапки од некои од неговите предизборни ветувања . Она од што најмногу се стравува е процесот на „глобализација на анти-глобализацијата, со широк фронт на популисти и со националистичка интернационала“, која може да предизвика потреси на светскиот политички и економски поредок. Но, сепак она што влева надеж е дека Трамп пред се е бизнисмен кој многу добро знае кога и зошто треба да се биде прагматичен и кој по природа е градител, а не руштиел.

 

Не мал број аналитичари во победата на Доналд Трамп видоа доказ дека точката на вриење во денешниот свет наближува и ќе се достигне со евентуалниот Трамп-домино ефект во Европа, која уште (ќе) се опоравува од Брегзитот. Мислењето на претседателот на САД во заминување, Барак Обама, кој рече дека е загрижен по победата на Трамп на изборите, но оти го теши помислата дека неговиот наследник е повеќе воден од прагматизам, отколку од идеологија, не го утеши и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој со навредлив тон за Трамп изјави дека на новиот претседател на САД треба да му се објасни „како функционира Европската унија, и што таа воопшто претставува“, дополнувајќи оти ќе се потрошат две години додека Трамп не ја заврши својата „тура низ светот што не го познава“.

trump-pic WEB 01

ГЕОПОЛИТИЧКА НЕИЗВЕСНОСТ: Можноста Трамп да се зближи со Путин се сфаќа сериозно и во НАТО

Шефот, пак, на НАТО, Јенс Стотенберг, јасно стави до знаење дека (се) стравува од напуштање на досега секогаш потврдуваната идеја што стои во суштината на НАТО врските меѓу државите, дека „силна, безбедна и просперитетна Европа значи силна, безбедна и просперитетна Америка“.

А за британската премиерка, Тереза Меј, победата на Трамп и Брегзитот се поврзани, односно, како што рече, „означуваат нова ера на длабоки промени во светот“.

Овие промени, како одраз на влијанието од победата на Трамп и на Брегзитот, се очекува во Европа да се видат најдоцна догодина, кога во Холандија, во Франција, во Германија, а можеби и во Италија и во Велика Британија ќе има избори.

Процесот, според професорот по европски студии на Оксфорд, Тимоти Еш, очигледно е „глобализација на анти-глобализацијата, со широк фронт на популисти и со националистичка интернационала“.

Европските популистички партии веќе чувствуваат ваков ветер во едрата – видоа дека агресијата, радикалните, контроверзни изјави на Трамп во кампањата, не беа пречка тој да стане претседател на САД. Начинот на кој тој ја водеше кампањата значајно ги прошири критериумите за тоа што е дозволено во политичката култура на Западот, така штедро помагајќи им на сличните политичари во Европа на кои им претстои претставување на избори.

Веќе на почетокот на декември Австријците ќе гласаат на претседателски избори што можат Норберт Хофер од Партијата на слободата да го направат првиот прв човек на држава од екстремната десница, избран на слободни избори во Европа од 1945 година наваму.

Истовремено и Италијанците ќе гласаат на уставен референдум од кој зависи иднината на премиерот Матео Ренци. Во евентуалното пореметување на политичкиот поредок во земјата, на површината може да избијат основани амбиции за власт (приближување до власта) на евроскептичното движење „Пет ѕвезди“ на Бепе Грило, кој изјави дека „една ера изгоре – вистинските демагози се медиумите, интелектуалците, закрепостени во свет што веќе не постои“.

Десничари националисти веќе управуваат со Полска и со Унгарија. Во Западна Европа (барем се чини така), веројатноста да се случи Трамп-ефектот е уште мала, иако, во случаите на некои парламентарни демократии, традиционалните противници, партиите од левицата и од десницата, мораа да се обединат за да ги задржат популистите зад границите на власта.

Во Холандија заканата е од Партијата на слободата на Герт Вилдерс што им дише во вратот на владејачките либерали на премиерот Марк Руте.

Во Франција проценките се дека Националниот фронт, односно лидерката Марин ле Пен, тешко ќе стане претседател на државата, иако истражувањата на јавното мислење покажуваат оти таа ќе добие најмногу гласови во првиот круг. Но, и ако загуби во вториот круг, нејзниот (безмалку сигурен) добар резултат ќе ѝ ги крене акциите за да ги напаѓа своите највисоки цели.

Иако, овде не може да не се спомене дека и изгледите Трамп да стане претседател на САД на само ден пред изборите се проценуваа како многу мали.

И во Германија, каде досега темното нацистичко наследство попречуваше екстремната десница да добие доволно поддршка за да се окрупни, сега антиимигрантската Алтернатива за Германија стана сила на државно ниво, и токму оваа „алтернатива“ Германците ја избраа за на локалните избори во серија да ја казнат канцеларката Ангела Меркел за нејзината политика на „отворени врати“.

Trump-izjavi 890Трамп во кампањата не изнесе јасна и кохерентна агенда за надворешната политика

За политиките на Трамп во однос на одбраната засега може да се заклучува од изјавите што тој ги даваше во кампањата. Новиот претседател на САД ги предупредуваше американските сојузници во НАТО дека ќе треба соодветно да платат за својата одбрана (во моментов САД плаќаат речиси 70% од расходите за НАТО), и оти американските војници ќе ги повлече за да ја бранат Америка „од внатре“.

А во Европа, како да го знаеја ова, подготвуваат нова безбедносна стратегија, односно сопствена одбрана, на која остро се противи Велика Британија, со став дека Стариот континент нема потреба од сопствени, европски одбранбени сили, зашто го има НАТО, и нема поента да се прави удвојување на Алијансата, со што таа би ја загубила смислата.

Ова наликува на најава за уште една линија на поделба во Европа, извлечена, односно помогната од Трамп-ефектот, а во контекстот е индикативно што привремениот лидер на антиевропската Партија за независност на Обединетото кралство, Најџел Фараж, е првиот британски политичар што (во Њујорк) се сретна со Доналд Трамп.

По средбата, од кај Трамп изјавија дека разговорот (со Фараж) бил „многу продуктивен“, а од кај Британецот оти се разговарало за „слободите и за победата“.

„Неговата поддршка (на Трамп, н.з.) на американско-британските односи е многу силна, и тој е човек со кој ние (Британците, н.з.) можеме да работиме“, изјави Фараж.

Од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, пак, изјавија дека Фараж не е никаков претставник на нејзината Влада. Самата Меј со Трамп се очекува да се сретне дури напролет, 2017 година, и таа стравува дека партијата на Фараж може да ја искористи победата на милијардерот за политичките потреби во Британија.

Фараж ја предводеше антиевропската и антиимиграциската кампања во Британија, пред референдумот за останување/излегување на земјата од Европската унија, силно заговарајќи ја втората опција, а Трамп беше еден од ретките странски политичари кој го поддржа Брегзитот.

Но, и според премиерката Меј, победата на Трамп и Брегзитот се поврзани, односно, како што рече, „означуваат нова ера на длабоки промени во светот, што Британија не смее да ги отфрла и да води битки од минатото, туку да се адаптира на сегашноста“.

Дека изборот на Трамп за претседател на САД носи ризик од нарушување на американско-европските (ЕУ) односи, смета и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

„Она што сега треба да го сториме, е да му објасниме на новиот претседател (на САД, н.з.) како функционира ЕУ, и што таа воопшто претставува“, изјави Јункер, кој смета дека ќе се потрошат две години додека Трамп не ја заврши својата „тура низ светот што не го познава“.

Јункер мисли дека Американците „немаат интерес за ЕУ“, а мислењето го илустрира со ставовите изнесени од Трамп во тек на претседателската кампања, како доведувањето во прашање на транс-атланската алијанса и понудите за некаков нов модел за безбедност (погоре споменатото барање на Трамп сојузниците на САД да си плаќаат соодветно за тоа што Америка ги брани).

 Вредностите на САД-ЕУ партнерството во НАТО ставени под прашање?

Кога заклучуваат според изјавите и поведението во кампањата (нарекувајќи ги некомпетентни и арогантни) на новиот претседател на САД, некои послободни аналитичари најавуваат можност Трамп преку позицијата во Белата куќа да доведе до светска катастрофа.

Тука се повикуваат на евентуалните толку добри односи на Трамп со Путин, што би значеле источна Европа или Блискиот исток да бидат оставени на милост и немилост на Русија.

Но, има и подгрупа меѓу аналитичарите кои го потценуваат Трамп, каде сметаат дека новиот претседател нема да направи штета (барем не поголема од онаа што му ја припишуваат на Џорџ Буш помладиот), зашто неговата политика всушност ќе ја води Републиканската партија преку соодветно формирана екипа.

Вакво нешто очекува и официјална Москва, од каде што соопштија дека се скептични во однос на предизборните ветувања на Трамп дека ќе соработува со Русија во Сирија, зашто тој „ќе може само да ги спроведува идеите што ќе ги одобри естаблишментот, политичката елита во САД“.

Но, дека можноста Трамп да се зближи со Путин на начин што ќе ги компромитира западните позиции се сфаќа сериозно и во НАТО, покажа изјавата на поранешниот шеф на Алијанската, Андерс Фог Расмусен, кој смета дека Трамп во првите 100 дена од мандатот мора да дејствува против „руската агресија“ или ќе доживее „почеток на крајот на НАТО“.

„Трамп мора да покаже сила бидејќи рускиот претседател почитува само цврста рака“, изјави Расмусен.

Поранешниот НАТО-генсек, смета дека занемарувањето на балтичките држави и на Украина кои се „блиски пријатели на САД“ може да има големи последици, и да значи „почеток на крајот на системот заснован на американско лидерство“.

Со драматичен тон, стравувања за иднината на НАТО по изборот на Трамп за претседател на САД, произнесе и актуелниот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој во текст за лондонски Guardian јасно стави до знаење дека (се) стравува од напуштање на досега потврдуваната идеја што стои во суштината на НАТО врските меѓу државите, дека „силна, безбедна и просперитетна Европа значи силна, безбедна и просперитетна Америка“.

„Се соочуваме со најголемите предизвици за безбедноста – не е време да ги поставуваме под прашање вредностите на партнерството меѓу Европа и САД“, напиша Столтенберг, повикувајќи ги Вашингтон и неговите европски сојузници да не го загрозуваат сојузот што трае 67 години.

„Европските лидери отсекогаш знаеле дека кога станува збор за безбедноста, одделувањето и самостојното дејствување не се варијанта. Во исто време и американските лидери секогаш признавале дека имаат исклучителен стратешки интерес од стабилна и безбедна Европа“, смета Столтенберг.

Што се однесува на другите надворешно-политички аспекти на владеењето на Трамп, тој во кампањата се изјаснуваше и против договорот за замрзнување на нуклеарната програма на Иран (во чии рамки беа симнати санкциите за Техеран), сметајќи го за една од најлошите зделки што ги видел, а оваа негова позиција се смета како силна поддршка за Израел и за арапските сојузници на САД.

Во однос на борбата против Исламската држава, Трамп најави одлучност (поголема од онаа на Обама), но рече дека нема да ги коментира своите конкретни идеи, зашто, како што изјави, тоа е најглупавото нешто што може да го направи некој ако решил да разбие една таква организација како ИД.

„Кога ќе ја преземам позицијата претседател, ќе им дадам на генералите 30 дена да ми ги предложат своите планови“, рече Трамп.

Другото важно прашање е имиграциската политика, каде новиот претседател на САД е против прифаќањето бегалци од Сирија и предлага формирање „безбедносни зони“ во државата што би биле финансирани од земјите од Персискиот залив. Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, смета дека таков план би повлекол огромен американски воен ангажман, што е многу непопуларна опција за Американците по Авганистан и Ирак.

Поголеми промени можеби може да се очекуваат од политиките на Трамп за мигрантите од Латинска Америка. Тој ветуваше ѕид по целата граница со Мексико; депортирање на 11 милиони кои незаконски претстојуваат во САД; запирање на приемот на дојденци од држави во кои има проблеми со радикалниот ислам. Последново предизборно ветување го омекна до „исклучително подробни контроли“ при влезот во САД.

Во однос на 11-те милиони кои нелегално се во САД, Трамп, во телевизиско интервју по победата на изборите, рече дека кога ќе влезе во Белата куќа ќе депортира 2-3 милиони, кои се криминалци.

„Ќе ги фатиме луѓето кои се криминалци, имаат такви досиеја, се членови на банди, наркодилери – два или веројатно три милиони, и ќе ги истераме од нашата држава или ќе ги ставиме во затвор. Тие се тука нелегално“, рече Трамп.

Инаку, Обама, во осумте години власт (во двата мандати), депортираше над 2,5 милиони луѓе, што е бројка до која не стигнал ниту еден претходен претседател на САД.


Donald TrumpТрамп и новата економска политика за Америка и светот

Како точно ќе изгледа економската политика на Трамп се уште не може јасно и презицно да се дефинира, но она што е сигурно е дека многу инвеститори и бизнисмени не можат мирно да спијат од неговите економски предизборни ветувања. Пазарите уште првиот ден по победатата изреагираа на неизвесноста и имаше пад на берзите. Но, тогаш Трамп прозборе и откако инвеститорите се уверија дека тој звучи поинаку и попретседателски работите почнаа да се враќаат во нормала.
Единствена и најголема утеха за инвеститорите барем засега може да им послужи тоа што Тамп по природа е градител и сака да гради големи работи, што можеше да се види и од неговиот прв јавен говор како претседател во кој тој најави големи инвестиции во изградба на инфраструктурата во САД.

Трамп најави дека ќе го намали корпоративниот данок на 15% од постојните 35%, што е меѓу највисоките стапки во целиот свет. Ова ќе биде еден од начините со кои Трамп ќе ги натера американските компании да се вратат дома.

Во деновите после изборите во САД економистите и аналитичарите од Волстрит се обидуваат да ги проценат економските потези кои ќе ги преземе администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп и ефектите кои тие ќе ги имаат врз светската економија.

Најголем дел од анализите се фокусираат на позитивните ефекти за корпорациите, како намалувањето и реформата на даноците и намалување на регулациите во економијата.

Но, ако Трамп го направи она што го ветуваше во предизборната кампања, тоа несомнено ќе се одрази силно врз светската економија. Посебно ако ги спроведе протекционистичките мерки во трговијата, кои беа централна тема во неговата кампања. Тој најави 45% царини за кинескиот увоз и вети дека на неговот прв ден како претседател ќе ја прогласи и официјално Кина за валутен манипулатор. Најави воведување на царини на увозот од Мексикo, а тровски договор со Европската унија наречен Transatlantic Trade and Investment Partnership (TTIP) по победата на Трамп веќе се смета за непостоечки.

Вилем Буитер, главен економист на Citi до своите клиенти доставил допис во кој ги предупредува дека ако Трамп ги спроведе неговите трговски политики тоа би можело да поттикне глобална трговска војна.

Истражувачкиот оддел на германската Deutsche Bank исто така предупредува дека најголемата закана од победата на Трамп е можноста од вртење кон протекционистички трговски политики, кои би можеле да ја намалат глобаната трговија и да поттикнат трговски војни.

Токму затоа повеќето се надеваат дека претседателот Трамп нема да биде ист како кандидатот Трамп, надевајќи се дека тој сепак нема да го спроведе она што го ветуваше, што се најавува од неколкуте повлекувања од неговите ветувања кои ги направи во првите неколку дена по изборната победа.

Donald Trump Holds Campaign Rally In Dallas

Трамп најави дека ќе го намали корпоративниот данок на 15% од постојните 35%, што е меѓу највисоките стапки во целиот свет. Ова ќе биде еден од начините со кои Трамп ќе ги натера американските компании да се вратат дома.

Какви економски промени ќе направи Трамп?

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп уште во својата кампања сигнализираше големи промени во економската политика. Трамп вети намалени даноци и поголеми инвестиции во инфраструктурата. Со други зборови повеќе стимулации за економијата од државниот буџет.

Но, тоа од друга страна значи и поголемо задолжување од страна на државата, освен ако Трамп не успее двојно да ја зголеми стапката на економски раст, како што вети, благодарение на неговите политики за дерегулација и намалување на даноците за бизнисот.

Американските Федерални резерви во изминативе години по кризата во 2008 година водеа политика на ултра-ниски каматни стапки, одржувајќи ја каматната стапка за позајмување помеѓу банките на нула се до пред една година, што ги одржуваше каматните стапки ниски за целата економија.

Поголемите стимулации за економијата од државниот буџет можат да значат помала потреба од економската поддршка од Федералните резерви во форма на ниски камати. Но, тоа од друга страна може да ја подгрее инфлацијата, а ФЕД ќе сака да спречи да не дојде до преголем скок на цените, што е уште еден фактор кој може да предизвика зголемување на каматните стапки.

Или на кратко, тоа може да биде почеток на процесот со кој Трамп ќе ја преземе задачата од ФЕД за стимулирање на економијата.

Еве некои од неговите клучни економски ветувања кои ако се спроведат ќе предизвикаат големи потреси и промени на светската економска сцена

Редоговорање на трговските договори

Во неговата предизборна кампања тој сугерираше предоговорање на трговските договори, во кои ќе бидат вклучени преговарачи чија цел ќе биде да редоговорат победа за Америка. Не прецизирајќи што конкретно значи победа за Америка, Трамп вети вети дека ќе истапи од трговските договори како постојните NAFTA, помеѓу САД, Канада и Мексико, ако не може да се усогласат за нови редоговорања, а трговскиот транс-пацивички договор на САД со 11 азиски земји  го нарече “силување на земјата”. Трамп исто така вети дека ќе биде остар со земјите кои ги прекршуваат трговските договори, воведуваќи нови договори и отварајќи постапки против нив во Светската трговска организација (СТО). Победата на Трамп значи и напуштање на договорот за слободна трговија помеѓу ЕУ и САД, TTIP кој долго се договорашае за време на мандатот на Обама.
Тој посебно ја обвини Кина дека е најголем девизен манипулатор кој некогаш постоел на планетата.
Од друга страна, тој го пофали Брегзит, а минатиот месец неговиот главен светник за трговија најави дека на Велика Британија ќе и биде понуден нов договор за слободна трговија.

Царини за заштита на домашната економија

Трамп во својата кампања повика на воедување на царина од 35% за увозот од Мексико и 45% царина за увозот на производи од Кина. Тоа во пракса би значело дека увезените производи од Мексико во вредност од 100 долари, би чинеле 135 долари. Тоа ќе ги поттикне американските граѓани да купуваат повеќе производи произведени во Америка, но тоа може да го поттикне Мексико да стави исто толкави царини за америкснките проивзоди кои се извезуваат таму. А тоа ќе биде многу лоша вест за американските компании, бидејќи Мексико е трет најголем извозен пазар за американските производи.
Но, ако Трамп навистина го воведе ова ветување тоа може да предизвика трговска војна.”САД важат за шампиони во слободната трговија.Воведувањето на заштитни царини и повлекувањето од глобализацијата од страна на САД ќе предизвика реципрочни акции од други земји и ќе биде силен удар против либералниот глобален економски поредок кој функционира уште од 1948 година”, вели главниот советник на инвестициски куќи Citi.

Trump-6Намалување на даноци

Трамп во кампањата вети намалување на даноците за сите граѓани, при што даночните граници ќе бидат намалени од седум на три, а највиоската даночна стапка ќе биде намалена од 39,6% на 33%.
Или заработките под 29.000 долари ќе бидат ослободени од оданочување, заработките од 29.000 до 45.000 ќе бидат оданочени со стапка од 12%, заработките од 54.000 долари до 154.000 долари ќе се оданочуваат со стапка од 25%, додека за заработките поголеми од 154.000 долари даночната сатапка ќе изнесува 33%.

Тој  вети дека ќе ги затвори сите даночи дупки кои ги фаворизираат богатите, а во однос на федарелниот корпоративен данок или најзначајниот данок за бизнисите, најави дека ќе го намали на 15% од постојните 35%, што е меѓу највисоките стапки во целиот свет. Ова ќе биде еден од начините со кои Трамп ќе ги натера американските компании да се вратат дома и да не го избегнуваат плаќањето даноци преку селење на корпоративните седишта надвор од САД во земјите кои важат како даночни оази.
Тој исто така најави и укинување на данокот на имот. Но, Трамп во кампањата не вети некое посебно намалување на трошењата по основ на јавните пензиски, здравствени  исоцијални програми, иако парите потебни за нивно финансирање во следната декада значително ќе се зголемат и неизвесно е дали тие ќе бидат доволни без да се направи зголемувања на даноците.
Еуфоријата за намалување на даноците која ги зафати сите, според некои аналитичари е неоснована, бидејќи иако Трамп вети намалување на даноците за сите, најголемо намалување на оданочувањето реално ќе има кај оние кои најмногу заработуваат.

Милиони нови работни места

Исто така едно од неговите најголеми ветувања беше дека ќе ги врати Aмериканците повторно на работа.
Планот за отварање на работни места на Трамп се фокусира на отворањето на нови бизниси во САД и остранување на регулациите за да им се олесни на компаниите повеќе да вработуваа. Тој вети да се отворат нови 25 милиони работни места во следните 10 години и двојно да го зголеми економскиот раст на 4%.
“Ќе отвориме милиони работни места за луѓе кои ќе работат на изградбата на нашата инфраструктура”, изјави Трамп, кој во својата кампања најмногу се фокусирапе на работниците кои ги изгубија своите работни места заради глобализацијата и за работниците кои останаа без работа поради придвижувањето на земјата кон почиста енергија.

Како точно ќе изгледа економската политика на Трамп се уште не може јасно и презицно да се дефинира, но она што е сигурно е дека многу инвеститори и бизнисмени не можат мирно да спијат од неговите економски предизборни ветувања. Пазарите уште првиот ден по победатата изреагираа на неизвесноста и имаше пад на берзите. Но, тогаш Трамп прозборе и откако инвестторите се уверија дека тој звучи поинаку и попретседателски работие почнаа да се враќаат во нормала.
Единствена и најголема утеха за инвеститорите барем засега може да им послужи тоа што Тамп е градител и сака да гради големи работи, што можеше да се види и од неговиот прв јавен говор како претседател во кој тој најави големи инвестиции во изградба на инфраструктурата во САД.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×