Што пишува во Извештајот на Европската комисија за Македонија?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Извештај-на-ЕУ

Откако еврокомесарот Јоханес Хан пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент соопшти дека Македонија ја задржува препораката и дека истата е условена од исполнување на Договорот од Пржино, Капитал ви ги пренесува сумираните резултати од Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ за оваа година.

Еве што пишува Комисијата за нашата земја:

Овој период беше доминиран од сериозната политичка криза со која се соочува земјата. На 2 јуни/15 јули, Европската комисија и членови на Европскиот парламент го олеснуваа договорот меѓу политичките партии за ставање крај на кризата и Европската комисија го презентираше „Планот за ургентни реформи“ во кои се ставени сите системски и институционални нефункционалности на кои владата и партиите треба посветено да работат и да ги имплементираат.

Политички критериуми: Врз основа на договорот од јуни/јули, најголемата опозициска партија се врати во Парламентот на 1 септември откако претходно бојкотираше повеќе од една година. Бојкотот сериозни влијаеше на функционалноста на оваа институција. Други клучни тела исто така неуспеаа ефективно да работат. Сега почнаимплементацијата на политичкиот договор. Имлементацијата мора да продолжи и уште многу треба да се направи за да се постигнат резултати на овие и другите претходно договорени реформски таргети.

Етнички односи: Етничата состојба останува кршлива. Ревизијата на Охридскиот рамковен договор, кој во 2001 година стави крај на конфликтот треба да биде завршена. После големата полициска акција во Куманово, каде животот го загубија 18 лица, сите политички лидери во земјата повикаа на враќање на мирот во оваа населба и подвлекоа дека овој инцидент во никој случај не треба да биде виден како меѓуетнички. Настаните во Куманов се уште треба да се истражуваат.

Граѓанското општество: граѓанските организации играат конструктивна улога во конктекст на политичката криза преку постојано барање на одговорност на политичките актери. Во исто време организациите продолжуваат да ги изразуваат своите грижи за тешката клима во која тие работат и лимитираната посветеност на владата за дијалог, но и загриженост за јавните напади од политичарите и провладините медиуми.

Јавна администрација: Земјата е до некаде подготвена во секторот на јавната администрација. Имаше прогрес во однос на некои прашања. Сепак, останува загриженоста за политизацијата која беше потврдена и од содржината на снимките, а системот на вработување по заслуга не се спроведува. Јавната доверба во функционалноста на институција еродира.

Судски систем: овој систем до некаде е подготвен. Прогресот сепак заостанува од 2014 година наваму поради актуелните и потенцијалните политички влијание во работата на судството. Индикатори за неправично судење се гледаат и од содржината на разговорите кои треба целосно да бидат истражени. Властите треба да демонстрираат вистинска политичка волја да обезбедат целосен независен судски систем, вкулучвајќи и непречено работење на новоназначениот специјален обвинител кој треба да ги истражува преслушуваните разговори.

Борба со корупцијата: Достигнувањата на ова поле се засенети од недостатокот на политичка волја и политичко влијание во работата на релевентните тела, особено во случаите од висок ранг. Ефикасно спроведување на правадата, особено во корупцијата на високо ниво, се уште треба да биде воспоставена.

Економски критериуми: Македонија е добра во однос на подготовките за развој на функционална пазарна економија. Земјата има бенефит од стабилната макроекономска политика, поддржана од добра монетарна политика. Сепак останува потребата за поголема транспарентност во однос на јавните трошења, трансферите на пари и субвенциите што ги дава државата. Буџетот треба повеќе да биде насочен кон раст и вработување, додека создавањето на буџет има потреба од поголема транспарентност. Многу лоши кредите ја ограничија понудата на кредити. Невработеноста останува висока и е 28%.

Целиот извештај на Европската комисија е достапен на следниот линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×